Практично немаме раст, немаме никаков раст на македонската економија, а имаме задолжување поголемо од 2 милијарди евра. Но, затоа пак имаме мултимилионери во едно семејство кое што е владејачко во државата, односно семејството на премиерот Зоран Заев.

Објавил: Перо Милчин | 20 февруари, 2021 17:41

Македонија е земја со најсиромашен народ и најбогат премиер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска сме овде во Свети Николе како дел од теренските активности кои што трета недела течат. Она кое што можам да го заклучам и врз основа на информациите и впечатоците кои што ги добивам е дека македонската економија е буквално на колена, разурната, тешко се стопанисува, тешко се остварува приход, македонската економија е во рецесија, нема развој, ниту пак има било каков план за развој на македонската економија и сето тоа е така поради погрешните политики на СДСМ и Зоран Заев.

Откако се власт, успеа да ја задолжат државата за 2 милијарди евра, а назад да вратат во македонската економија нема ништо, бидејќи ако ја видете бројката на почетокот од формирањето на првата влада на СДСМ и Зоран Заев, мај 2017 и ја споредите со бројката со која што ја завршивме 2020 година ќе видиме дека БДП е ист, а задолжувањето се зголемило за цели 2 милијарди евра.

Практично немаме раст, немаме никаков раст на македонската економија, а имаме задолжување поголемо од 2 милијарди евра. Но, затоа пак имаме мултимилионери во едно семејство кое што е владејачко во државата, односно семејството на премиерот Зоран Заев.

Зошто Македонија е сиромашна земја со богат премиер, ќе добиете одговор на ова прашање со едноставно споредување на богатството еве да речеме на семејството на францускиот претседател господинот Макрон, или пак германската канцеларка и ако го споредите со богатството на семејството на нашиот премиер, ќе добиете одговор дека семејството на нашиот премиер, е два до три пати, или пет, или десет, или сто пати би рекол побогати од семејствата на европските лидери.

Затоа имаме сиромашна држава, држава во која што цвета криминалот, цвета корупцијата, а  имаме сиромашни граѓани, економија во рецесија, на врвот сме на листите по перцепцијата за корупција и криминал, на дното сме по развој на економијата, на дното сме по бруто инвестициите, на дното сме по директните странски инвестиции.

Така што денеска сум овде во Свети Николе за да го поддржам сето она кое што македонската економија го создава како додадена вредност.

 Тука сме во фабриката МИК Свети Николе, месната индустрија практично Свети Николе. Разговараме со вработените, поддршката ја имаат, јас секогаш ја стегам раката пред овие современи херои и патриоти кои што практично обезбедуваат егзистенција за стотица македонски семејства и наши сограѓани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести