Во Македонија ова е прво лето како загаденоста на воздухот достигнува енормни граници при што точно се знае кој е причинителот

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 август, 2018 6:55

Македонија е претворена во дива депонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Дива депонија во околината на скопско Визбегово го загадува воздухот. На укажување на граѓани Инспекторатот за животна средина на град Скопје вчера направи увид при што како што се гледа од фотографиите станува збор за дива депонија на градежен шут – стар мебел – искината облека.

Оваа депонија постојано се опожарува и го загадува воздухот. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите. Засилените теренски контроли во овој реон продолжуваат информираат од Инспекторатот за животна средина на град Скопје. 

Инспекторатот за животна средина на град Скопје не можи да бара безбедносни мерки за заштита на депонија која е нелегална. Треба да издадат наредба за дислокација и чистење на просторот. Ведно сега кога инспекторите се лоцирани никаде ја нема ни зелената партија на Македонија ДОМ на Лилјана Поповска да појасни што понатаму треба да направат градските власти и градоначалникот на Град Скопје Шилегов.

Ова лето Македонија како никогаш се гушеше во отровите од запалените што диви што легални депонии од отпад при што надлежните институции само дигаа раменици и се молеа да продолжи дождливото време кое го имаа како единствено спасоносно решение на проблемот кој сеуште стои.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести