Се стави крај на една епизода од незавршениот мир на Балканот, порача Премиерот Заев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 26 јануари, 2019 20:20

Македонија за околу две недели ќе стане Република Северна Македонија

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Со постигнатиот договор и двајцата Премиери Заев и Ципрас велат дека се победници граѓаните на двете земји , но и на регионот.

Се стави крај на една епизода од незавршениот мир на Балканот, порача Премиерот Заев. Победници се и оние кои беа против , бидејќи и тие ќе имаат придобивки. Сега, имаме верификувано суштинско пријателство.

„Храбрите граѓани избраа да ги избркаат сеништата од минатото и на светот да му дадат Балкан од кој извираат можности и политичка стабилност, место со поврзани соседи, зона на економски процут, модел за интеграција.“, изјави премиерот Зоран Заев.

Со пријателска порака честита и и коалицискиот партнер лидерот на ДУИ Али Ахмети, со зборовите , Почитуван пријател Успеавме.

„Би сакал да ти се заблагодарам за храброста и посветеноста кон постигнување и усвојување на договорот. Денес нашиот регион , Југоисточна Европа , се раздени во целосно нови геостратешки и геополитички околности , за тоа за кое што се залагавме заедно. Сакам да знаеш дека мојата врата секогаш ќе ја најдеш отворена без да имаш потреба да тропнеш на неа, му напиша Ахмети на грчкиот екс- министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.“ – Али Ахмети.

Македонија за околу две недели ќе стане Република Северна Македонија. За правно стапување на сила според процедурата која е спроведена ,претседателот на Грција треба да го потпише Законот за Ратификација и тој да биде објавен во Службен весник.

Ова би требало да се случи во понеделник на 28 јануари и со тоа ќе стане официјален закон. После тоа Грција треба да го извести Генералниот секретаријат на НАТО дека Договорот е ратификуван кај нив и претставниците, амбасадорите на 29 земји членки треба да го потпишат Протоколот, и истиот договор треба да биде ратификуван во парламентите на нивните земји.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести