По Кавадарци, вечерва во земјава најзагадено е во Струмица со 276 µg/m3, па Битола 2 со 155 µg/m3.

Објавил: Весна Петровска | 8 јануари, 2020 21:20

МАКЕДОНИЈА И ВЕЧЕРВА ДИШЕ КАНЦЕРОГЕН ВОЗДУХ – еве во која општина ЛУЃЕТО ДА НЕ ИЗЛЕГУВААТ ОД ДОМА!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Македонија и вечерва се гуши, најзагадено вечерва е во Струмица. Мерните станици ширум земјата покажуваат дека моментално Кавадарци е најзагаден град во земјава и тоа со 360 µg/m3.

По Кавадарци, вечерва во земјава најзагадено е во Струмица со 276 µg/m3, па Битола 2 со 155 µg/m3.

Македонија и вечерва се гуши

Светски истражувања го ставија Скопје меѓу најзагадените градови. Поради загадениот воздух, не е мал бројот на лица заболени од респираторни болести и предвреме починати од рак на белите дробови.

Според СЗО, во Македонија 2.574 луѓе умираат предвреме секоја година како директен резултат на загадувањето на воздухот. Додека, пак, според истражување од 2019 година, водено под името „Губење години на човечки живот во големите загадени градови во Македонија“, кое е објавено во „Македонски весник за медицински науки“, се наведува дека поради неквалитетниот воздух, на годишно ниво голем е бројот на лица со респираторни заболувања и предвремена смрт од рак на белите дробови. На оваа листа по Скопје се наоѓа Тетово.

Доколку не се преземе нешто, според истражувањето „Губење години на човечки живот во големите загадени градови во Македонија“, се предвидува дека до 2050 година микрочестичките и озонот ќе станат главната причина за смртноста од загадување на животната средина во светот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести