Претходната година Американската стопанска комора во Косово (АЦЦК) изрази загриженост поради падот на транспарентноста на владата и државните институции во борбата против корупцијата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 јануари, 2019 12:12

Македонија и Косово најкорумпирани земји на западен Балкан

Фото/Текст извор: ©онлине /магазин

Според истражувањето на Транспаренси Интернешнл (ТИ), најкорумпирани земји во Западен Балкан,се Албанија, Македонија и Косово, кои се наоѓаат на 99-то, односно 93. место според Индексот на корупција.

Во врска со извештајот за Република Македонија пишува дека по падот на владата во 2017 година, очекувањата за антикорупција се многу високи, во земја што е заинтересирана за отворање на преговори со ЕУ.

Законските рамки се стабилни и во многу други држави од Западна Европа и ЕУ, но сепак сè уште постојат значителни можности за подобрување во регионот. Постои исто така и законодавен предлог на ЕУ за подобрување на заштитата на информаторите, но постои прашање дали тоа ќе биде договорено од страна на земјите-членки.

Претходната година Американската стопанска комора во Косово (АЦЦК) изрази загриженост поради падот на транспарентноста и ниската заложба на владата и другите државни институции во борбата против корупцијата.

Според испитувањата на АЦЦК, 75 отсто од бизнисите веруваат дека корупцијата во Косово е системска, додека факторите кои ја овозможуваат се слабото владеење на правото на недостатокот на политичка волја, за борба против корупцијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.