Се исполнува деценискиот стремеж нашата татковина да ја направиме членка на НАТО.

Објавил: Перо Милчин | 4 декември, 2019 23:15

МАКЕДОНИЈА и по трет пат ПРЕКРСТЕНА, попушти бетонот од Преспа!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера во Лондон започна славењето на 70-годишнина од основањето на НАТО заедницата. Премиерот Заев на Твитер објави дека наскоро Македонија станува 30-та членка на НАТО. 

Ја остваривме целта кон која се стремевме цели 27 години. Стануваме 30-та членка на НАТО. Обезбедивме трајна сигурност, економски развој и сигурна иднина за нашите деца, напиша премиерот Заев на Твитер.

Се исполнува деценискиот стремеж нашата татковина да ја направиме членка на НАТО.

-Го живееме сонот на генерациите пред нас, на сите граѓани и лидери од нашата земја кои се вградени во остварувањето на стратешкиот стремеж кој започна со независноста на нашата земја- пишува на Твитер, премиерот Заев.

Твитер реакции: МК кодот што беше непроменлив според Преспа. Што е тоа NOM до името на Заев? Прашање е која земја ја претставуваше на лидерската средба на НАТО во Лондон?

Пристапниот протокол е сега потпишан од сите земји членки освен Шпанија, од технички причини поради предвремените избори во оваа земја.

Се очекува Шпанија да го ратификува пристапниот протокол во наредните два месеца, но знамето на Македонија веќе се вее заедно со сите други 29 земји членки на Алијансата.

По одлуката на американскиот претседател да ги повлече од Сирија американските сили без да се консултира сојузниците на НАТО.

Пред извесно време пак францускиот претседател Емануел Макрон ја шокираше јавноста откако изјави дека Алијансата е во состојба на „мозочна смрт“, апелирајќи од Европа да создаде своја безбедносна структура.

Ваквата скандалозна изјава на Макрон беше негативно прифатена од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој рече дека европското единство не може да го замени трансатлантското единство.

Зоран Заев во текот на самитот на НАТО во Лондон, се фотографираше како се ракува со Трамп и при тоа ги објави фотографиите на својот Твитер профил.

– Македонската иднина е гарантирана со вакви сојузници. Безбедни, сигурни и стабилни учествуваме во глобални и демократски процеси кои светот го движат напред. Северна Македонија е 30-та членка на НАТО, тоа носи просперитет и сигурна иднина за сите наши граѓани, за сите наши деца – напиша Заев во прилог на фотографиите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.