На Маврови Анови има 12 сантиметри снежна покрива, а три на Попова Шапка.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јануари, 2020 9:24

Македонија мрзне: Минусни утрински температури измерени во цела држава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рано утрото во цела држава се регистрирани минусни температури, а најстудено е во Берово каде се измерени – 12 степени,  по што следат Маврово со – 11, Лазарополе, Тетово и Скопје-Петровец  – 9. Во Крива Паланка, Струмица, Битола, Прилеп и Демир Капија температурата  – 8, Претор – 7, Скопје Зајчев Рид, Виница, Дебар, Куманово, Крушево – 6, Охрид и Тополчани – 5, а 0 степени во Дојран, Гевгелија, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Македонија мрзне. Утринава во 7 часот во цела држава биле измерени минусни температури.

На Маврови Анови има 12 сантиметри снежна покрива, а три на Попова Шапка.

Денеска се очекува времето да биде сончево и студено особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ветерот ќе стивнува. Дневните температури ќе бидат во интервал од 1 до 8 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 4 степени. Ваквото стабилно време без врнежи ќе се задржи и во текот на следниот период. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност. Минималните температури на воздухот поради релативно ведрото време ќе бидат негативни, понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени.

 

 

 

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...