Според АВРМ младите полесно губат работа во кризни времиња зашто работат на несигурни и пониско платени работни места. Секој четврти човек, кој изгубил работа за време на пандемијата на коронавирус во земјава, е помлад од 29 години.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 октомври, 2020 13:00

Македонија на дното во Европа по квалитет на животот

Фото/Текст извор: ©Курир.мк

Податоци на „Нумбео“ велат дека Македонија и главниот град Скопје се на дното по квалитет на живот. „Нумбео“ претставува база на податоци за земјите од целиот свет, со посебни формули кои се достапни на веб страната во рамки на квалитет на живот се пресметува степен на загаденост во земјите, животен стандард, здравствената заштита на граѓаните, степенот на нивна безбедност.

Од рангирање на 86 земји на територија на Европа, Македонија се наоѓа на 82 место. Според податоците Македонија бележи пад и тоа за неколку месеци, на почеток на 2020-та година државата се наоѓала на 79 место и за неколку месеци паѓа на 82 место. Очигледно дека владините мерки не придонеле за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

ВЛАДИНИ МЕРКИ БЕЗ ЕФЕКТ

Владата донесе четири сет економски мерки со цел да се подобри животот на граѓаните за време на кризата која е предизвикана од КОВИД-19. Но според реалната слика која се воочува секој ден може да се забележи дека владините мерки не ни помогаат многу.  Мерките ниту ги спасија 30% од компаниите кои се затворија во изминатиот период, ниту ќе ги спасат оние кои се најпогодени од кризата. Дури 82 отсто од компаниите чувствуваат влијание од корона кризата. Тие се од 9 сектори и во нив се ангажирани две третини од вкупниот број работници во стопанството.

Според АВРМ младите полесно губат работа во кризни времиња зашто работат на несигурни и пониско платени работни места. Секој четврти човек, кој изгубил работа за време на пандемијата на коронавирус во земјава, е помлад од 29 години.

Владата во услови на здравствена криза исто така во континуитет го заборава здравството и здравствените работници. Владата ги заборави 1.250 матични лекари, 2.500 стоматолози, над 500 специјалисти. Здравствени работници кои секојдневно се грижат за здравјето на граѓаните.

ПРЕМИЕРОТ ВЕТУВА, РЕАЛНОСТА ДЕМАНТИРА

Изминатиот период премиерот Зоран Заев пред граѓаните ветува дека ќе донесе подобар живот за граѓаните. Но тоа ветување тапка во место, бидејќи реалноста и податоците спроведени од анкети велат дека квалитетот на животот  на граѓаните во Македонја нагло опаѓа.

-Владата нема да запре тука со посветеноста во постојано дефинирање нови идеи и нови мерки за граѓаните. Најавувам дека веќе сме во процес на дефинирање нови интервенции за директна помош на различни целни групи во различни дејности. Постојано правиме пресметки и во периодот којшто следува ќе имаме нови вести за економски мерки – ова е кризна економија и постојано ќе бидеме на готовс да помагаме на граѓаните. Напоменувам дека остануваме будни и во однос на здравствениот аспект на кризата. Тој аспект, е всушност, најбитен и затоа треба да бидеме постојано внимателни и будни. Благодарение на навремените и соодветни подготовки во здравствениот систем и на неговата поставеност наспроти пандемијата, успешно го менаџираме ударот на пандемијата, истакна премиерот Зоран Заев на својата последна прес конференција за економски мерки.

-Резултатите од таквите погрешни политики се историски пад на индустриското производство и извозот, пад на економската активност во вториот квартал со индиции тој негативен тренд да продолжи до крајот на годината, зголемување на јавниот долг за повеќе од една милијарда евра за само еден квартал, а тоа е вториот квартал, раст на невработеноста од 40.000 лица со најава за дополнителни масовни отпуштања, тотален колапс на туризмот и многу затворени бизниси во државата. И наместо владата енергично уште на првата владина седница да креира сет на мерки кои ќе значат вистинска поддршка за спас на економијата, гледаме продолжување на популизмот со неодговорно трошење на народните пари и немилосрдно задолжување на државата. Се потроши цел месец во кој илјадници граѓани дополнително се отпуштени од работа и многу бизниси ставија клуч на врата, нагласи Христијан Мицкоски, претседател на опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ на своја прес конференција како реакција на донесените економски мерки на Владата.

Насекаде во земјава загрижено граѓаните коментираат поскапување на даноци, храната и сè останато, велат дека платата нема да им биде доволна, а власта наместо да помогне таа се повеќе граѓаните ги турка во брутална сиромаштија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.