Најново метео

Објавил: admin@magazin | 4 декември, 2022 11:48

МАКЕДОНИЈА НА УДАР НА ЈУЖНО СТРУЕЊЕ НА ВИСИНА КОЕ ЌЕ УСЛОВИ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ – ЗИМСКО СЦЕНАРИО НЕМА НА ВИДИК!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претежно облачното време и понатаму продолжува во Македонија.

Повремено ќе има појава и на сончеви периоди а утре и тоа особено во западните предели ќе има појава на повремени локални врнежи од дожд. Снег ќе провејува само на највисоките планински места.

Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, и истиот утре, како и во текот на следната седмица повремено ќе засилува на интензитет.

Температурите ќе бидат НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ, како утринските така и дневните и максималните дневни температури особено во текот на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Во Скопје и околината исто така времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува јужен и југоисточен ветер кој повремено ќе засилува на интензитета температурата ќе се искачува до околу 12 степени.

НАПОМЕНА: Натпросечно високите температури на воздухот кој ќе ги имаме наутро и преку ден се резултат на јужното воздушно струење кое е, и ќе биде присутно во Македонија во следниот период.

  • За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...