Македонија е на 12. место кога е во прашање Трговската слобода, област каде е забележан значителен напредок.

Објавил: admin@magazin | 28 декември, 2018 11:26

Македонија на 68. место на најдобри места за бизнис

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонија е рангирана на 68. место на листата на Форбс за водење бизнис, која е составена врз основа на 15 фактори, вклучувајќи имотни права, даноци, технологија, ниво на корупција, слобода, бирократија, големина на пазарот, квалитет на живот и работна сила.

Од невработеноста и натаму е висока со околу 23 отсто, но можно е да е преценета поради постоењето голема сива економија, која се проценува дека изнесува меѓу 20 и 45 отсто од БДП, што не е забележано во официјалната статистика. Македонија работи на изградба на нафтовод и дистрибутивна мрежа низ целата земја. Во моментов, Македонија ги добива своите мали количини природен гас од Русија преку Бугарија, истакнува Форбс.

Својата независност во 1991 година, Македонија постигна напредок во либерализацијата на економијата и подобрување на деловното опкружување. Нејзините ниски даночни стапки и слободни економски зони помогнаа да се привлечат странски инвестиции, но тоа е се уште на ниско ниво во однос на остатокот од Европа. Корупцијата и слабото владеење на правото остануваат значителни проблеми. Некои фирми се жалат на нетранспарентни прописи и нееднакво спроведување на законот. Македонската економија е тесно поврзана со Европа како клиент за извоз и извор на инвестиции и трпи последици како резултат на пролонгираната слабост во еврозоната“, се наведува во појаснувањето на Форбс.

 

Во 2016 година, Македонија потпиша меморандум за разбирање со Грција за изградба на интерконектор кој би можел да се поврзе со Трансјадранскиот гасовод, кој ќе минува низ регионот кога ќе биде завршен или на ЛНГ во Грција. Македонија ја одржуваше макроекономската стабилност за време на глобалната финансиска криза преку спроведување на внимателна монетарна политика, која ја одржува домашната валута поврзана со еврото, а инфлацијата на ниско ниво.

Македонија е на 12. место кога е во прашање Трговската слобода, област каде е забележан значителен напредок. Монетарната слобода е на 55. место, Иновации на 98., Технологија 69., Бирократија на 45, место, област со нотирано значително влошување, потоа Заштита на инвеститорите на шесто место, Корупција на 95. место (и во оваа област е забележано значително назадување). Лична слобода на 85. и Даноци на 31 место.
Втора година по ред листата на Форбс, ја предводи Велика Британија, која е единствена држава меѓу првите 30 (од 161 вкупнпо рангирани) што имала најдобри резултати во 15 области кои се мерени. На второ место е Шведска, а на трето Хонг Конг.
Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Словенија на 31 место, Романија на 41., Бугарија на 46., Хрватска на 52., Србија на 56., Црна Гора на 72., Албанија на 74. и Босна и Херцеговина на 98 место.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...