Според публиката која гласаше телефонски, ова се поените доделени од Македонија: -12 поени за Србија, 10 за Албанија, 8 за Италија, 7 за Швајцарија, 6 за Кипар, 5 за Франција, 4 за Украина, 3 за Азербејџан, 2 за Финска и еден за Русија.

Објавил: admin@magazin | 23 мај, 2021 16:56

Македонија не и даде ниту еден поен на Бугарија на Евросонг!

Фото/Текст извор: ©фокус.мк/магазин.мк

На официјалната страница на Евросонг 2021 се објавија резултатите од гласањето на публиката и на жирито од вчерашното 65-то издание на настанот.

Кога станува збор за традиционалното ,,комшиско” давање на поени помеѓу соседни земји, годинава Македонија не и додели ниту еден поен на Бугарија, ниту од публика, ниту пак од жири.

Исто така, изостанаа и поените од нас кон соседна Грција. Албанија не доби ниту еден поен од нашето жири, но затоа пак доби десет поени од публика.

Според публиката која гласаше телефонски, ова се поените доделени од Македонија: -12 поени за Србија, 10 за Албанија, 8 за Италија, 7 за Швајцарија, 6 за Кипар, 5 за Франција, 4 за Украина, 3 за Азербејџан, 2 за Финска и еден за Русија.

Поените според жирито се следните: 12 за Србија, 10 за Италија, 8 за Израел, 7 за Франција, 6 за Швајцарија, 5 за Малта, 4 за Исланд, 3 за Шведска, 2 за Кипар и еден поен за Русија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.