Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Објавил: Владо Марин | 8 јули, 2020 9:44

МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО ЗАТВОРЕНА: „Од утре задолжителен ПСР тест за граѓани на Србија, Косово, БИХ и Црна Гора при влез во земјава“

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата на Република Македонија од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји!

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.

По точно три месеци, на 26 ти јуни Македонија ги отвори границите и македонските граѓани можеа да влегуваат и излегуваат од државата!

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата, регистрирани се 415 прекршоци за неносење лична заштита на лице.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести