Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 март, 2021 13:33

МАКЕДОНИЈА ПОВТОРНО СЕ ЗАТВОРА: Комисијата за заразни болести предлoжи полициски час во цела држава

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерстeрот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести денеска на ГККШ предложи воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава, пренесе а1 он.

Комисијата дополнително ќе се произнесе од кој ден да започне полицискиот час и до кога да трае.

Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.

Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект.

Владата на утрешната седница ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.