Доцна попладне во Дебар имаше невреме проследено со пороен дожд, грмежи и појава на град, се наведува во временската прогноза од УХМР.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јуни, 2019 18:50

МАКЕДОНИЈА ПОТОПЕНА ОД ДОЖД- Измерени рекорден број на врнежи!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Подрачјето на Струмица и Берово денеска беа зафатени од нестабилна воздушна маса, проследена со интензивен пороен дожд, грмежи и појава на град.

Денеска нестабилната облачна маса се движеше кон југ во правец на Валандово, Дојран и Богданци. Нестабилно беше во повеќе места во источниот и во планинските подрачја во западниот дел од земјата, како и над Преспанското Езеро, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исто така нестабилна воздушна маса со поголеми размери ја зафати околината на Битола, а нешто помала и Кичевско. Доцна попладне во Дебар имаше невреме проследено со пороен дожд, грмежи и појава на град, наведуваат од УХМР.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Атмосферата многу ќе се дестабилизира па така од денес па во следниот период во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Температурите на воздухо ќе бележат тенденција на мал пад што значи и понатаму ќе продолжат летните температури на воздухот па токму поради тоа и условите за невреме ќе бидат многу големи, односно индексот на нестабилност ќе биде многу висок и ќе изнесува дури и над 1500 J/KG.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...