Во 19 часот затворени се избирачките места на кои граѓаните на Република Северна Македонија можеа да гласаат на вториот круг од шестите претседателски избори.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 мај, 2019 19:22

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ ! Цензусот исполнет повеќе од 40 % !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Исполнет е потребниот цензус од над 40 проценти за избор на претседател на Република Македонија во вториот круг на претседателските избори.

Македонија ќе добие нов претседател, цензусот е исполнет ! Оливер Дерковски, претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски на прес-конференција информира дека излезноста до 18:30 часот изнесува 44,50 проценти.

На досегашните пет избори за претседател на Републиката беа избрани четворица претседатели, а актуелниот шеф на државата во заминување, Ѓорге Иванов беше избран од граѓаните во два мандата.

Во 19 часот се затворија избирачките места на кои граѓаните на Република  Македонија можеа да го остварат своето право на глас, од шестите претседателски избори. По затворањето на избирачките места можат да гласаат само жителите кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.

На 3.480 избирачки места во Република Македонија и на 32 во дијаспората на шестите претседателски избори можеа да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список. Гласачките места беа отворени во 7:00 часот утрово.

-Излезноста на вториот круг од претседателските избори до 17:00 часот изнесува 38,23 проценти. Гласањето се одвива тековно и нема пријавено нерегуларности на гласачките места, информира на денешната прес-конференција директорот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести