Проекцијата за растот на БДП Владата го има промашено за 50 % , со тоа Македонија ќе има најслаб економски резултат во регионот и Европа

Објавил: Перо Милчин | 11 ноември, 2018 20:05

Македонија ќе има најслаб економски резултат во регионот и Европа

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

На денешната собраниска седница за ребалансот на буџетот говореше и пратеникот Владимир Ѓорчев, кој истакна дека во Планот на живот Владата ветувала дека Македонија ќе има просечен економски раст најмалку од 5 % во периодот на нивното владеење и кажа дека скоро сите ветувања што ги има дадено Владата во Планот за живот ги нема реализирано.

-Ова е најголемата лага која што Македонија ја видела изминативе 30 години. Ова се еден куп лажни ветувања кој што се дел од „План за живот “ во Македонија од кој што две букви нема реализирано. Ќе почнам со делот на економијата и сакам да кажам дека Македонија оваа 2018 година ќе има најмал економски раст во Европа односно раст од 1,8 %. Убедливо најслаб од 50 земји во Европа, објасни Ѓорчев.

Пратеникот Владимир Ѓорчев, продолжи дека Владата тотално потфрлила и во делот на странските инвестиции и дека единствена инвестиција со која може да се пофали Владата е отворање на сендвичара за пилешко месо.

Исто така потсети дека министерот Драган Тевдовски ветуваше раст на економијата од 3,2 % во 2018 година но секојдневно голем број на реномирани финансиски институции ја намалуваат стапката на раст на 2,1 според Европската Комисија и 1,6 % од страна на ММФ и Светска Банка што е за скоро 50 % помалку од проектираните 3,2 %.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...