четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Со тоа Емилија стана првата македонка која ја добија оваа функција а освен тоа, таа е и најмладата жена градоначалник во Мелбурн избрана досега на оваа функција.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 декември, 2019 11:55

Македонката Емилија избрана за градоначалник на општина Вителси во Мелбурн

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонката Емилија Лиза Стерјова е избрана за градоначалник на општината Вителси во градот Мелбурн, Викторија.

Емилија Лиза Стерјова е првата Македонкаизбрана за градоначалник на општината Вителси во градот Мелбурн, Викторија. Покрај тоа, таа е и најмладата жена градоначалник во Мелбурн избрана досега на оваа функција.

Со тоа Емилија стана првата македонка која ја добија оваа функција а освен тоа, таа е и најмладата жена градоначалник во Мелбурн избрана досега на оваа функција.

Таа претходно беше избрана за советник во Советот на Општина Вителси во ноември 2016 година и е досега најмлада избрана советничка во Советот на општината.

Емилија живее во Австралија. Емилија штотуку стана градоначалник на Whittlesea. Најмлад градоначалник во историјата на Австралија. Емилија се декларира како македонка. Грците и пуштаат смртни закани Нашите медиуми и влада ќутат ко пи**и, гласеше Твитер објавата со која беше соопштено за нејзиниот голем успех.

Инаку општина Вителси има 197.500 жители, годишно се доселуваат по околу 8.000 нови жители. Општината има Совет од 11 советници кои волонтерски ја вршат советничката функција. Советниците се избираат со мандат од четири години, а градоначалникот го избира Советот од редот на советниците за време од една година.

Светскиот македонски конгрес во објавата на Фејсбук и посака успешно остварување на доверениот мандат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.