Слобода за нашите Уставобранители -Да живее Македонија.

Објавил: admin@magazin | 17 март, 2019 22:20

Македонската дијаспора од Канада собира финансиска помош за семејствата на осудените од 27 април

Фото/Текст извор: ©македонска нација

ПОДДРШКА ЗА ФАМИЛИИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ УСТАВОБРАНИТЕЛИ – БРАНИТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И МАКЕДОНИЈА.

Драги Браќа и Сестри Македонци низ целиот свет каде што не има ,драги пријатели на Македонија ,епилогот од настаните за судбоносниот ден 27ми Април на сите ни е добро познат.

Многумина од нашите браќа следните 10 до 18 години ќе ги поминат одделени од своите семејства ,без можност да обезбедат финансиски средства за опстанок на своите фамилии.

Соочувајќи се со суровата судбина и факт дека фамилиите на нашите патриоти долго време нема да имаат финансиска поткрепа од своите најблиски.

Наша задача, цврсто веруваме дека и наша должност како Македонци е да ги помогнеме финансиски нивните фамилии се до нивното обединување и слобода.

Не смееме да дозволиме Македонските патриоти и нивните семејства сами да ги пребродуваат овие тешки моменти. Нашата помош ќе им биде од големо значење како финансиски така и морално.

По тој повод Македонскиот Светски Конгрес -Канада ,заедно со Македонската заедница во Канада за брзо време планира да организира неколку донаторски евенти во Канада ,воедно за кратко време ќе отвориме и GO FUND ME страница каде секој Македонец од целиот свет ќе може да донира и помогне на загрозените фамилии од нашите уставобранители.

Во догледно време планираме да отвориме и Интернационален Монетарен Фонд за уставобранителите кој ќе биде отворен за донации до денот кога сите наши браќа ќе бидат на слобода.
Како што работевме до сега, така и овој пат 100% од собраните средства ( минус провизијата од страната Go Fund me и трошоците за организирање донаторски евент ) ќе бидат донирани ДИРЕКТНО и транспарентно до фамилиите на нашите уставобранители/патриоти кои се во притвор или домашен притвор чекајќи правосудна пресуда и уставобранители кои веќе ја отслужуваат затворската казна.

Слобода за нашите Уставобранители -Да живее Македонија
Македонскиот Светски Конгрес -Канада
Торонто Канада 16,Март 2019 година

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести