Виктор Габер под надлежност на министерот Димитров започна да ја брише македонската историја по желба на грчките експерти, но не одговори што корегираме ние во нивната

Објавил: Мартин Попоски | 4 ноември, 2018 7:51

Македонската историја “предадена” во рацете на Грците

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Очигледно премиерот Заев и т.н. координатор за ревизија на Македонската историја по волја на Грција, Виктор Габер немаат координација во постапките.

Откако се гласи премиерот дека комитетот за ревизија на историјата нема ингеренции да делува до ратификација на Преспанскиот договор и од страна на грчкиот парламент, Габер сепак ги предал сите Македонски учебници на грчките експерти.

Учебниците се разменети, следува процес на утврдување на спорните делови, ова е епилогот од првата средба на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти меѓу Македонија и Грција во Солун. – изјави Габер.

Предводникот на т.н. сеумчлен македонски тим, Виктор Габер е задоволен од првичните разговори, и изрази дека има волја за соработка од двете страни.

Се работи за обемен број материјали и учебници, од кои поголем дел ќе бидат ревидирани до септември, а чија главна цел е на новите генерации да им бидат достапни на начин што нема да предизвикуваат нови болни моменти. – изјави Габер.

На средбата во Солун е усвоен деловникот за работа, со кој се утврдува динамиката на идните состаноци.

Со оглед дека разговорите се во почетна фаза, Габер не открива кои се темите, кои според него, би предизвикале најмногу полемика. Во однос на топонимите во учебниците, како на пример ословувањето на Тесалоники или Солун, Битола или Манастири, тој посочува дека на овој дел, се користат меѓународни конвенции, кои се поволни за Македонија.

Иако не е прецизирано, втората средба се очекува да се случи во текот на јануари, кога Македонија ќе биде домаќин на грчките експерти за историски, археолошки и образовни прашања. Согласно Преспанскиот договор, работата на Комитетот ќе го надгледува Министерствата за надворешни работи на двете земји.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести