Македонската фудбалска репрезентација од 20.45 ќе игра против Словенија во вториот меч од квалификациите за Европското првенство во 2020 година на „Стожице“ во Љубљана.
Македонскиот селекторот Игор Ангеловски направи неколку измени во однос на тактиката и тимот во однос на тимот со кој играше против Летонија (3-1).
Македонија ќе игра во формација 4-4-2. На голот ќе остане Димитриевски, додека во одбраната ќе бидат Бејтулаи, Велкоски, Муслиу и Алиоски. Во средината од теренот ќе настапат Ристовски, Барди, Николов и Елмас.
Додека во нападот ќе останат Пандев и Несторовски.
Македонија и Словенија меѓу себе имаат одиграно пет пати, во кои Македонија има дури три победи, а Словенците само еден триумф, додека еден дуел заврши реми.
Вечерва на трибините на „Стожице“ во Љубљана, нашата фудбалска репрезентација ќе има најголема поддршка на натпреварот.
На трибините на „Стожице„ во Љубљана, пристигнати се околу 2.000 македонски фанови да ги бодрат нашите фудбалери !
„Македонскиот сектор“ кој брои околу 750 места за гостите е веќе распродаден, но нашите навивачи купуваат билети и од останатите сектори на трибините во Љубљана.
Натпреварот започнува вечерва од 20:45 минути и ќе се одигра во Љубљана !
ДА НАВИВАМЕ СИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈАААААА !!!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.