Во моментов актерката С.С., е однесена пред Основниот кривчен суд во Скопје, каде чека да биде изведена пред судија на претходна постапка, по барање за одредување мерка притовр од Јавното обвинителство.

Објавил: Весна Петровска | 19 декември, 2019 16:17

Македонска актерка одведена во Кривичен, учествувала во шверц на кокаин

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

„ЈанакиЗнае“ ексклузивно дознава од неофицијални извори кои потекнуваат од судот, дека познатата македонска актерка, С.С., е уапсена во врска со заплена на огромна количина кокаин во Шпанија.

Во моментов актерката С.С., е однесена пред Основниот кривчен суд во Скопје, каде чека да биде изведена пред судија на претходна постапка, по барање за одредување мерка притовр од Јавното обвинителство.

Исто така од МВР инфориаа дека обвинение доби  возач кој под дејство на алкохол предизвикал сообраќајка во Кавадарци.

Основното јавно обвинителство во Велес поднесе обвинение против 37-годишен возач на автомобил, кој под дејство на алкохол предизвикал сообраќајка во Кавадарци со мопед со кој се превезувале две деца и избегал оставајќи ги повредени без помош на коловозот.

Обвинетиот, како што информира ОЈО, на 31 мај годинава во состојба на тешко пијанство со присуство на 3,27 промили алкохол во крвта и 2,7 промили алкохол во урината, управувал со автомобил во сопственост на неговата сопруга. Притоа, движејќи се по улицата „Гоце Делчев“ во Кавадарци, каде брзината на движење на возилата е ограничена на 40 км. на час, обвинетиот го управувал автомобилот со брзина од 84 км. на час, односно со брзина која е за 44 км. на час поголема од дозволената.

– Доаѓајќи до крстосницата меѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Осми септември“, навлегол во вкрстувањето при вклучено црвено светло на семафорот. Во тој момент, пак, од ул. „Осми септември“ на крстосницата, во состојба на кочење, навлегувал мопед марка Априлија со кој се превезувале две деца. Мопедот со предното тркало удрил во десната предна врата на автомобилот, а од ударот мопедот заедно со оштетените деца паднал на коловозот, лизгајќи се. Притоа двете деца се здобиле со тешки телесни повреди. Иако со автомобилот што го управувал ги повредил оштетените деца, обвинетиот продолжил да се движи напред, оставајќи ги без помош на коловозот, се вели во соопштението на ОЈО.

Основното јавно обвинителство во Велес, по спроведена истражна постапка, до Основен суд Велес против лицето поднесе Обвинителен акт за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.1 во врска со чл.297 ст.1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од чл.301 ст.1 од Кривичниот законик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...