Кире Лазаров капитенот на македонската репрезентација, се најде повторно меѓу Топ 10 на стариот континент.

Објавил: admin@magazin | 26 декември, 2018 16:22

МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ : Лазаров е меѓу 10-те најдобри ракометари во светот

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Европската ракометна федерација (ЕХФ), традиционално, го објави списокот најдобри ракометари за 2018 година, на кој се најде и капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров.

Кире Лазаров иако веќе има 38 години сѐ уште не им дава на другите генерации да го земат неговото место меѓу најдобрите ракометари во светот, па со игрите прикажани на ЕП 2018 како и во Лигата на шампионите и во француското првенство ги „примора“ одговорните да го сместат во Топ-10 на Стариот континент.

Тој имаше многу добри настапи за Македонија во првата фаза од јануарскиот собир во Хрватска, со Нант стигна до финалето на ЛШ, а исто така стана и најдобар стрелец на завршните турнири од ова натпреварување во Келн.

Лазаров е капитен на ракометната машка репрезентација на Македонија и игра на позицијата десен бек. Тој е најдобар стрелец во историјата на светските првенства во ракомет

Меѓу најдобрите има и двајца поранешни вардарци, Арпад Штербик и Алекс Душебаев, како и за Диего Симоне, Винсен Жерар, Сирил Думулан, Анди Шмид, Барте Мирхол, Недим Ремили и Сандер Сагосен.На Светското првенство во 2017 година, одржано во Франција, Лазаров бил најдобар стрелец, со постигнати 50 голови.

На 27 јануари 2012 година, Лазаров поставил нов рекорд како најдобар стрелец: На Европското првенство во ракомет за мажи 2012 што се одржало во Србија, тој постигнал 61 погодок, со што го срушил рекордот од 2002 година, поставен од Исланѓанецот Олафур Стефансон и Швеѓанецот Штефан Ловгрен на Европското првенство во Шведска од 57 погодоци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...