Имено македонските олимпијци се закитија со медали на  прогласувањето на најдобрите олимпијци на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, во арената во Доха, Катар.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 декември, 2019 11:34

МАКЕДОНСКА ГОРДОСТ: Ученици земаа пет медалји на олимпијада во Катар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонските ученици Матеј Гелев, Емилија Николовска, Мајкл Георгиевски, Никола Спировски, Теона Кировска и Стефан Дрмач се гордоста која на државата и донесе пет медали и тоа две сребра и три бронзи.

Имено македонските олимпијци се закитија со медали на  прогласувањето на најдобрите олимпијци на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки, во арената во Доха, Катар.

На оваа Олимпијадата која се одржи во Катар учество земаа 409 ученици од цел свет.

Македонските олимпијци , Матеј Гелев, Емилија Николовска, Мајкл Георгиевски, Никола Спировски, Теона Кировска и Стефан Дрмач фото Нова Македонија

Учесниците се натпреваруваа индивидуално во категориите физика, биологија и хемија. Натпреварот беше поделен во два дела од кои првиот или теоретски дел учениците одговараа на прашања, а во тимскиот дел или практична работа тие имаа задача за изведување по еден експеримент од секоја дисциплина.

Македонскиот олимписки тим е составен од шест ученици кои беа избрани од претходните селекциони натпревари организирани од страна на Друштвото на физичари на РМ, Сојузот на хемичари и технолози на Македонија и Македонското биолошко друштво.

Олимпијците имаа и голема поддршка од своите ментори од ПМФ, професорите  Боце Митревски, Марина Стојановска и Лозенка Иванова.

Претседателот на ДФРМ професорот Ламбе Барандовски, учествуваше во подготовките на младите олимпијци.

Покровители на учениците беа ФИТР, Агенцијата за млади и спорт и градоначалниците од градовите од каде што се македонските репрезенти.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.