Во категоријата до 14 години младата скијачка Јана Атанасовска го освои првото место.

Објавил: admin@magazin | 26 јануари, 2020 16:42

Македонска гордост: 13 годишната Јана Атанасовска победи во слаломот во Рички (Чешка)

Фото/Текст извор: ©спорт медиа

Македонска победа во слаломот на 58. издание на Ски Интер Критериум 2020 кој се одржа во скијачкиот центар Рички во Чешката република.

Во категоријата до 14 години младата скијачка Јана Атанасовска го освои првото место.

Во категоријата до 14 години младата скијачка Јана Атанасовска го освои првото место.

Скијачката родена во 2006 година имаше нешто послаба прва трка и заврши со време од 36.12 но во втората беше далеку подобра од конкуренцијата за речиси две секунди и во севкупниот поредок го освои првото место со вкупно време 1:14.36.

На трката учествуваа 40 скијачки од различни држави ширум Европа, а Јана е единственото девојче од Македонија.

Атанасовска се натпреваруваше и во велеслаломот и заврши на шестата позиција.

Во машка конкуренција во категоријата У14 во салоломот Данило Илиев заврши на 11. позиција, а Никола Деспотовски излета од патеката. Во велеслаломот Илиев заврши на 24 позиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.