Македонската ракија беше прогласена за најдобра ракија во целиот регион,од стучното жири во Тузла.

Објавил: admin@magazin | 13 декември, 2018 20:33

Македонска ракија прогласена за најдобра на Балканот

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На фестивалот „Salines Spirit Fest“ кој се одржа во Тузла, Босна и Херцеговина, премиум ракијата на Бовин беше оценета од стручното жири, како најдобра ракија во регионот.

На фестивалот на овошни ракии и жестоки алкохолни пијалоци, изложуваа над 30 компании од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Македонија. Стручното жири, кое ги дегустираше и оценуваше пијалоците беше составено од енолози, професори на технолошки факултети, гурмани и познати угостители.

Во април 2014 година, жолтата лозова ракија со ознака “VS” на винарската визба “Тиквеш” била наградена со златен медал за виок квалитет на меѓународниот натпревар на вина и жестоки пијалаци, одржан во Пловдив. Оваа ракија, со јачина од 45 степени, се произведува на природен начин, од гроздов дестилат кој стареел повеќе од пет години, чуван во дабови буриња.

Посетителите, покрај пијалоци дегустираа и месо и сирења од земјите-учесници на саемот.

Ракија е жесток алкохолен пијалак популарен на Балканот. Се прави речиси исклучиво од овошје, но постојат и ракии кои се прават и од мед или од ореви. Во индустриското производство вообичаено е процентот на алкохол да биде помеѓу 40 и 45 проценти, но во домашното производство овој процент се движи на пати дури и над 60.
Во Македонија традиционалната ракија е лозовата ракија со процент на алкохол помеѓу 40 и 60 проценти. Во другите земји на Балканот, покрај лозовата ракија, многу често се среќава и сливовата ракија (срп. шљивка) која е особено популарна во Србија. Ракија се прави и од кајсии, круши, јаболка, праски, дудинки и други сочни овошја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.