Искрени честитки за Бесир Алили, за БК Лирија - Скопје и за Федерацијата за боречки спортови на Македонија и нејзиното раководство.

Објавил: Перо Милчин | 22 јуни, 2019 22:11

Македонскиот борач Бесир Алили е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН ВО БОРЕЊЕ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

БЕСИР АЛИЛИ ЕВРОПСКИ ПРВАК ВО БОРЕЊЕ (СЛОБОДЕН СТИЛ – 48 кгр)

Македонскиот борач Бесир Алили е Европски првак во борење (слободен стил), категорија 48 кгр!

Тој во финалето го победи Харутун Ховханисјан од Ерменија со резултат 7:6 и го освои златниот медал на ова Европско првенство до 17 години.

МАЕСТРАЛНИОТ БЕСИР АЛИЛИ ЕВРОПСКИ ПРВАК ВО БОРЕЊЕ (СЛОБОДЕН СТИЛ – 48 кгр.)

Иако кон крајот на првата рунда Харутун Ховханисјан водел со 5:0, сепак Бесир Алили, со манири на искусен борач направил пресврт и повел со 7:5 и сосема смирено го држел под контрола резултатот до крајот на борбата.

Со сигурност се тврди дека ако продолжи со ваква квалитетна и напорна работа, во Бесир Алили ќе го имаме идниот сениорски Европски и Светски првак.

Искрени честитки за Бесир Алили, за БК Лирија – Скопје и за Федерацијата за боречки спортови на Македонија и нејзиното раководство.

На нашиот млад борец му се предвидува голема и светла кариера, а својот квалитет и потенцијал, го докажа токму денеска со освојувањето на златниот медал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести