Данинел Стефановски доцна синоќа во Цирих со К.О во првата рунда го победи неговиот противник од Франција Алилуше Софијан.

Објавил: Македонка Димкин | 14 април, 2019 3:41

Македонскиот воин Даниел Стефановски со К.О ја освои СВЕТСКАТА ТИТУЛА во кикс бокс на ИСКА !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонскиот воин Даниел Стефановски доцна синоќа се закити со нова светска титула на ИСКА, една од најголемите кик бокс организации. Стефановски за противник го имаше Софијан Алилуше од Франција.

Македонскиот шампион Даниел Стефановски, кој е Европски и Швајцарски првак во кикс бокс, на синоќешниот натпревар во Цирих се закити со нова светска титула на ИСКА, една од најголемите кик боксерски организации.

Стефановски на синоќешниот натпревар доминираше против Францускиот противник Софијан Алилуше и му зададе катастрофален пораз уште во првата рунда. Французинот Алилуше после силнио К.О падна на колена пред Македонскиот воиин, а Даниел ја однесе победата на натпреварот и во неговата богата колекција на титули и бројни светски и европски признанија, се закити со нова светска тутула на ИСКА.

Даниел Стефановски горд на своето потекло од Македонија, поточно од градот Куманово. На неговите натпревари можеме често да го видиме со Македонското знаме на неговиот грб, и на тој начин ја искажува љубовта кон својата земја Македонија. 

Даниел е исто така и Европски шампион во дисциплината К-1 во категоријата до 80 килограми, а исто така двапати по ред е шампион на Швајцарија во 2013 и 2016 година. 

Гордиот Македонец Даниел Стефановски е роден во Швајцарија, а неговите родители потекнуваат од Куманово.

Првите чекори и љубовта за овој спорт ги покажал кога имал 13 години. Неговата професионална кариера ја започнал со мај-тај и кик-бокс, а во 2016 година станува шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија, совладувајќи го Кеви Бузер на Агровина фајт челинџ во Арау.

Неговите амбиции не застануваат на овие титули, туку се стремат кон нови победи и успеси во неговата професионална кариера.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.