Утре на трибините на „Стожице„ во Љубљана, се очекуваат околу 2.000 македонски фанови да пристигнат на натпреварот меѓу Словенија и Македонија.

Објавил: admin@magazin | 23 март, 2019 22:39

Македонскиот глас утре ќе „ЕЧИ” во Љубљана, 2000 фанови ќе навиваат за МАКЕДОНИЈА !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Утревечер на трибините на „Стожице“ во Љубљана, нашата фудбалска репрезентација ќе има најголема поддршка на натпреварот.

Утре на трибините на „Стожице„ во Љубљана, се очекуваат околу 2.000 македонски фанови да пристигнат на натпреварот меѓу Словенија и Македонија.

2000 македонски навивачи ќе пристигнат на фудбалскиот натпревар меѓу Словенија и Македонија.

„Македонскиот сектор“ кој брои околу 750 места за гостите е веќе распродаден, но нашите навивачи купуваат билети и од останатите сектори на трибините во Љубљана. До денеска билетите чинеа од 7.5 до 15 евра, а од утре тие ќе чинат од 10 до 20 евра. Капацитет на стадионот во Љубљана е 16.000 места. 

Стефан Ристовски еден од нашите најдобри фудбалери смета дека оваа генерација на Македонија заслужува да игра на едно големо натпреварување. Тој рече дека сите ќе се покажат во добро светло.

„Многу добро го познавам Кек, тој сигурно многу сака да победи. Ќе биде ова добар натпревар. Ние долго време сме заедно што значи дека можеме да се носиме со секого. Ќе се покажеме во добро светло. Ќе се потрудиме да се вратиме со бод или бодови од ова гостување. Сакаме да докажеме дека оваа генерација има квалитет да игра на ЕП“, вели Ристовски.
„Според играчкиот кадар што го поседуваме имаме тим за респект. Но, сепак, треба да се почитува дресот со националните обележја и да се даде максимумот на теренот. Дуелите со Словенија се вистински тест за нашата сила“, заклучува нашиот бек.

Утревечер со почеток од 20.45 часот Македонија ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за ЕП 2020 против Словенија на популарната арена „Стожице“ наречена по истоимената љубљанска населба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести