Шефот на руската дипломатија го повтори ставот дека она што се случува во Македонија не е одраз на волјата на граѓаните туку насилно имплеменирање на желбата на ЕУ и НАТО

Објавил: Мартин Попоски | 2 декември, 2018 7:23

Македонскиот народ својот став го кажа, насилно се имплементира волјата на ЕУ и НАТО

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на меѓународна конвенција викендов, истакна дека одлуките кои на сила се носат во македонското собрание не се одлуки кои ги донел Македонскиот народ туку ЕУ и НАТО.

Лавров во текот на IV меѓународна конференција “Медитеранот: Римски дијалог” истакна:

Не можеме да не го обрнеме вниманието на вознемирувачкиот развој на настаните од другата страна на Медитеранот, на Балканот. Државите од регионот, без да се води сметка за волјата на нивните народи, упорно ги влечат во НАТО.

Референдумот како инструмент за директно изразување на волјата на народот не ужива особена популарност.

Истовремено, јавното мислење во тие земји е под агресивен притисок.

Учеството на голем број западни лидери, шефови на држави, министри, на генералниот секретар на НАТО, високиот претставник на ЕУ, во агитацијата во Македонија за време на референдумот во земјата, навистина импресионира.

И ниту еден збор не е кажан во случајот за директното мешање во внатрешните работи на таа држава. – истакна Лавров.

Од кабинетот на рускиот министер за надворешни работи, неофицијално потврдуваат дека цело одделение на руското МНР работи на оспорување на Преспанскиот договор пред Советот за безбедност при Обединетите нации.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести