Филмот „Исцелител“ има освоено девет меѓународни награди

Објавил: admin@magazin | 16 јули, 2018 18:32

Македонскиот филм „Исцелител“ ќе се прикажува во грчките кина

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

„Исцелител“ македонскиот игран филм на режисерот Ѓорче Ставрески, од четврток ќе се прикажува во грчките кино сали. Својата кино премиера филмот ќе ја има во едно од најстарите кина во Атина – „Трианон“. Тоа е прв долгометражен филм во македонско-грчка копродукција и е единствениот македонски филм добитник на награда на престижниот Солунски филмски фестивал.

Кино дистрибуцијата на „Исцелител“ во Грција следува по освоените девет меѓународни награди, учеството на 24 светски филмски фестивали низ Европа, САД, Кина и Азија, телевизиското и интернет емитување на ХБО и Синема Ворлд, како и успешното прикажување пред домашната публика во 17 градови низ Македонија.

Главните улоги во „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други. Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески. Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје и во копродукција со ГРААЛ С.А. од Грција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.