Тој рече дека на исходот од овој меч не гледа како на реми, туку како на освоени три бода на двата дуели против квалитетниот противник.

Објавил: admin@magazin | 16 април, 2019 23:22

Македонските ракометари во борба против Грција и Турција за Европско првенство!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Македонската машка ракометна репрезентација оди на завршниот турнир на Европското првенство (ЕП) 2020 година, кое ќе се игра во три земји, Австрија, Норвешка и Шведска.

Македонските шампиони во ракомет го завршија натпреварот со Исланд (24-24) во реванш-мечот од четвртото квалификациско коло, група 3. Со петте бодови ракометарите обезбедија пласман меѓу најдобрите 24 селекции на Европското Првенство.

Селекторот на Македонија, Даниело Брестовац изјави дека се одигра уште еден тежок натпревар, во во кој благодарение на самодовербата и борбеноста, се успеа да се анулираме негативата и ракометарите да се вратат во игра. Тој рече дека на исходот од овој меч не гледа како на реми, туку како на освоени три бода на двата дуели против квалитетниот противник.

По четирите одиграни натпревари најефикасен во македонскиот национален тим е капитенот Кирил Лазаров со 30 гола, втор стрелец во квалификациите, зад швајцарскиот централен бек, Енди Шмид, кој има дадено 33 гола. Трет со ист број голови како и Лазаров е левото крило на Германија, Уве Генсхалмер. Втор стрелец во македонскиот состав е левото крило Дејан Манасков со 22, а трет Филип Талески со 19 гола.

Мислам дека веќе сме пласирани на ЕП, но наша амбиција сега е првото место во групата и победи во двата преостанати дуели со Турција и Грција, кое ни носи подобра позиција за ждрепката за ЕП – изјави селекторот на Македонија, Данило Брестовац

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) направи промена со селекторот и Раул Гонзалес го замени искусниот Данило Брестовац. Под негова контрола македонската репрезентација се препороди затоа што тој внесе нова енергија и тактика во тимот.

На 12 и 16 јуни, Македонија ќе заигра со Турција и Грција, а со победи над Турција на гости и над Грција на домашен терен би го освоила првото место во групата кое носи место во вториот барабан за ждрепката за ЕП. 

Пласман на ЕП 2020 преку квалификациите ќе обезбедат двете првопласирани тимови од секоја група и четирите третопласирани тимови, заедно со тој што ќе ја брани титулата, Шпанија и домаќините Австрија, Норвешка и Шведска.

Подмладувањето на составот на македонските ракометари, дефинитивно беше еден од главните адути на Брестовац во оваа трка на натпреварите, со оглед на тоа дека тој најдобро ги познава сите играчи од младинскиот состав на Македонија, кои ги водеше на последните ЕХФ шампионати во Скопје (младинците), односно во Грузија (кадетите).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...