Нема реакција на албанскиот етникум , Албанците во швајцарските медиуми се претставуваат како Македонци? Тоа не смета кога се работи за Убиство?

Објавил: Македонка Димкин | 1 јануари, 2019 23:24

„Македонски„ Албанец смртно застрелан на Божиќ во Швајцарија!

Фото/Текст извор: ©blick.ch / 2o min.ch / dokaz.mk / magazin

По крвопролевањето во текот на ноќта, на Божиќ, стравот во малото место Рути кај Цирих се чини дека помина. Мештаните од инаку мирната општина кај Цирих стравуваа дека нивното место би можеле да стане бојно поле на две непријателски  македонски семејни кланови. Жителите зборуваат за “Мафија” и “крвна одмазда”. И со право постојат сомнежи дека овој страв, не е неоснован!

Пукањето се случува во пресрет на 25 декември католички Божиќ кога  околу 2 часот во ноќта. Традиционално на овој ден во Швајцарија се затворени сите Ресторани и важи за ден кога фамилијата се собира дома.

Кога полицијата пристигна на местото на злочинот, сопственикот на ресторанот Берен, Истрефи († 51), е смртно погоден. На тротоарот спроти ресторанот се пронајдени едно 6 / 7 свежо испукани чаури, додека од убиецот кој очигледно го испланирал убиството фали секоја трага – швајцарската полиција веднаш започна со национална истрага  но засега без резултат.

Полицијата не сакаше да го потврди тоа. Наместо тоа, зборува за “пукања кон куќата” кои завршиле фатално за гостилничарот. Дали знаел Истрефи за опасноста по неговиот живот? Еден станар на еден од становите над ресторанот вели дека кај фамилијата од ресторанот имало видно вознемирено расположение во последниве недели. “Од време на време ни кажуваа дека треба да ја заклучиме влезната врата”, се сеќава тој. Мислам дека убиството му беше наговестено вели тој. Сопственикот не е првата жртва на клановската расправија.

Истрефи беше застрелан од улицата низ прозорецот” Тоа беше веројатно планирана акција”, вели еден сосед на местото на злосторството. Тој не сакаше да се спомене неговото име бидејќи се плаши за семејството: “Тука е мафијата во игра”. Гостилничарот на ресторанот Берен беше застрелан низ прозорецот на ресторанот – преку улицата со цел и детално испланирано. Ниту еден примерок не ја погоди фасадата. “Имаше околу пет или шест пукања низ два прозорци”, рече сведокот.

Кавгата започнала со спор меѓу семејството на сопственикот на ресторанот и албанскиот мафиозо Дилавер “Леку” Бојку († 58). Леку беше баран и од Интерпол и од американските власти за трговија со жени и нелегална проституција. По победата на актуелната власт на Зоран Заев Леку се појави во Македонија и слободно се шеташе низ Струга се до кобниот ден кога беше на сред бел ден застрелан пред неговиот ресторан во Струга. Како тоа можел Лека да дојде во Македонија кога беше баран дури од Интерпол? 


Швајцарските медиуми тврдат дека сопственикот на ресторанот во Швајцарија не е првата жpтвa на кpвната одмазда. Според нивните пишувања, имало нeтpпeливocт помеѓу него и семејството на Дилавер Бојку Леку. Според истите извори, првото убcтвoбило во 2015 година, кога Ситем Истрефи (23 години), син на сега убeниoт бил зacтpeлaн во Струга. Во август 2017 година пак, бешеубиeн Дилавер Бојку Леку. Тогаш се слушаа гласини дека убиецот избегал со авионот на Виззаир кој леташе Охрид Базел и дека акцијата била потпомогната од македонската полиција. Дека има вистини се согласуваат и наши соговорници кои сакаат да останат анонимни кои тој ден летале на таа линија и немало никакви строги контроли, што при еден ваков случај реално би морало да има.

Дали станува збор за oдмaзничкa aкциja- прашуваат швајцарските медиуми?

» Беше само прашање на време кога некој од фамилијата Истрефи ќе излезе пред Дилавер Бојку – Леку и ќе го застрела со Kуpшум во чело, велат добро упатените на  познавачите на случувањата во струшкото подземје. Тие се скоро сигурни дека мотив за ова убиcтвo е кpвнaтa oдмaздa и дека убeцoт, кој е во бегство, е таткото на убиениот Ситем Истрефи (23). Членови на семејството Истрефи веќе подолго време се зaкaнувaaт со кpвнa aдмaздa- пишуваа во 2017 година македонските медиуми по убиството на нарко босот Леку во Струга.

Настанот што го спомнуваат швајцарските медиуми е од 13.12.2015 година пишува македонскиот портал доказ.мк. Тогаш македонското обвинителството соопшти дека по поднесената кpивичнa пријава од страна на Министерството за внатрешни работи- СВР Струга во врска со пpecтpeлкaтa на две групи, Основното јавно обвинителство – Струга донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица.

Лицата се товарат за сторени кpивични дела – Убcтвo од чл.123 и Недозволено изработување, држење и тргување со opужje или распрскувачки материи од чл.396 од Kpивичниoт законик. Надлежниот јавен oбвинитeл до cудиjaтa на претходна постапка при Основниот cуд во Струга достави Предлог за определување на мерка – Пpитвop за ocoмничeните, од кои едно лице е на бoлничкo лeкувaњe, едно е недостапно за органите на пpoгoнoт и три лица се непознати сторители.

Kpивичнo правниот настан се случил вечерта на 13 декември на локалниот пат Струга – Долна Белица кога при меѓусебна пpecтpeлкa на две групи едно лице го зaгуби животот, а две биле пoвpeдeни соопшти тогаш МВР

Половина година по убcтвoтo кај струшкото село Долна Белица, беше покренато и oбвинeниe против Башким (45) и Ермин Бојку (30), братот и синот на Дилавер Бојку за cмpттa на Фитим И. (23), како и за paнувaњeтo на неговиот 18-годишен брат, инаку роднини на секретарот на Општина Струга. Kpвaвиoт инцидeнт се случил вечерта на 13 декември минатата година, кога од автомобил во движење, во кое биле и Башким и Ермин, отвориле oгaн кон двајца браќа на возраст од 18 и 23 години, кои, исто така, возвратиле на пукaњeтo. Постариот брат зaгинaл, додека помладиот, како и Башким Бојку се здoбилe со пoвpeди. Братот на Дилавер самиот побарал пoмoш во струшката бoлницa.

Има ли крај со традицијата на  „крвната одмазда„ на Албанците во Македонија. Швајцарските медиуми известуваат за „Македонска мафија„ нели треба албанскиот етникум да реагира и да ја исправи вистината бидејќи Албанците се претставуваат како Македонци? Или тоа не важи кога е контекстот срамен и брутален?


Како известуваа македонските медиуми за убиството на легендарниот Дилавер Бојку Лека

Се уште не се јасни причините за неговото убиство, ниту кој е сторителот, но во медиумите се шпекулира дека станува збор за крвна одмазда, а се спомнува и ангажирање платен убиец пишуваше тогаш македонски вечер

Со еден куршум в чело, во понеделникот среде бел ден околу 16:30 часот беше убиен 55-годишниот Дилавер Бојку Леку, познат како балкански бос на проституцијата. Бил застрелан додека седел на една од масите на терасата на сопствениот ресторан “Аква блу# на улицата “Партизанска“ во Струга.

Полицијата соопшти дека убиството го извршило непознато машко лице кое му се приближило на масата и од пиштол испукало еден проектил во чело, а веднаш потоа избегало.

Во последните неколку години Бојку влегува во бизнисот со угостителство и туризам. Семејството Бојку на струшките плажи се сопственици на два ресторана, маркет, осум бунгалови, платформа во езерото, односно своја плажа во Струга, токму на местото каде што беше и убиен. Неговата група од Велешта важи за семејство кое ја контролира и “работи# целата струшка територија. Во Струшко не беа ретки крвавите пресметки на бандите на подземјето заради милионскиот бизнис со плажите, кои подолго време се причина за меѓусебна војна меѓу семејството Бојку и ексградоначалникот на Струга, Зијадин Села. Токму со доаѓањето на партијата на Зијадин Села.

По сторителот се упатиле две лица, но и кон нив тој испукал неколку проектили по што побегнал. Повредениот веднаш бил пренесен на хируршкото одделение при општата болница во Струга, но по неуспешниот обид за реанимација била констатирана смрт. Увид на место на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Струга, од местото на настанот се подигнати материјали за вештачење, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот, информираат од полицијата.

Се уште не се јасни причините за неговото убиство, ниту кој е сторителот, но во медиумите се шпекулира дека станува збор за крвна одмазда, а се спомнува и ангажирање платен убиец.

Имал три официјални сопруги и безброј љубовници

Балкански макро, крал на проституцијата, цар на белите робинки се “титулите# кои ги носеше Дилавер Бојку Леку, сопственик на голем број ноќни клубови. Во нив девојки од Молдавија, Романија и Украина живееја во најлоши човечки услови, а тој ги искористувал и кога ќе посакал ги продавал по цена од илјада и пол до пет илјади евра. Имал три официјални сопруги и безброј љубовници.

Албанец по националност, македонскиот државјанин од струшко Велешта со прекар Леку беше една од главните алки во синџирот на трговија со жени на Балканот.

Го држи рекордот во македонската полиција, бидејќи повеќе од две децении беше главен осомничен и осудуван за разни нелегални активности – корупција, здружување против државата, а најголемиот дел кривични пријави, сепак, беа за трговија со жени. Неговата кариера ја започнал во Швајцарија како градежен работник, а по враќањето во Македонија изградил барови во речиси секој поголем град на Македонија. Во нив, служеа, танцуваа на шипки и нудеа сексуални услуги голем број жени како робинки.

Кога полицијата го приведувала и го судела, Дилавер Бојку без двоумење, во сите изјави повторувал дека не работи на црно и дека сите жени имаат соодветни документи, дозволи за работа и ниту една нив не е таму на сила.

Како на филм – им побегна на полицајците скокајќи од кола

Во 2003 година го стигна пресуда за заробување на Украинки, Романки и Молдавки кои ги принудувал да се проституираат во неговите ноќни клубови во близина на Струга, “Еспресо„, “Кис ми„ и “Берн„. Полицијата брзо ги откри и баровите во Скопје, Охрид, Струга, Тетово, Гостивар, Битола каде открија околу дваесет жени од Источна Европа без документи. Беше обвинет за пет кривични дела поврзани со организирана проституција.

При неговото полициско спроведување, избега како на филм – скокајќи од кола. За неговото пронаоѓање беше заинтересиран и ФБИ, а САД понудија и награда од 10.000 долари за оној што ќе даде било каква информација каде се крие Бојку.

По две недели беше фатен во Улцин од каде планирал да замине за Бразил, но оперативците на МВР и Црна Гора беа побрзи… Беше екстрадиран во Македонија.

На 06.07.2003 година на скопскиот аеродром “Петровец„ слета хеликоптерот на македонската полиција со кој од Подгорица беше пренесен бегалецот, балканскиот макро бос, Дилавер Бојку. Со лисици на рацете, придружуван од неколку специјалци. Веднаш беше одведен во истражниот затвор во Шутка.

Од макро до бизнисмен

Во последните неколку години Бојку влегува во бизнисот со угостителство и туризам. Семејството Бојку на струшките плажи се сопственици на два ресторана, маркет, осум бунгалови, платформа во езерото, односно своја плажа во Струга, токму на местото каде што беше и убиен.

Неговата група од Велешта важи за семејство кое ја контролира и “работи# целата струшка територија. Во Струшко не беа ретки крвавите пресметки на бандите на подземјето заради милионскиот бизнис со плажите, кои подолго време се причина за меѓусебна војна меѓу семејството Бојку и ексградоначалникот на Струга, Зијадин Села.

Тоа не е тајна за стружани ниту за јавноста, особено по жестоката медиумска конфронтација помеѓу Бојку и Села.

Села најавуваше дека ќе урива и ќе направи ред со узурпираните струшки плажи, но изгледа дека мафијата, војната со локалните босови за општинскиот бизнис чија цена е неколку милиони евра зема и жртви и со куршуми се спротивставува и на конкурентите, и на институциите.

Дилаверу Бојку беше убиен во 16.30 минути. Авионот на Визаир за Базел полетал во 18.30 минути. Местото на убиството до аеродромот во Охрид е оддалечено само  околу 10 до 15 минути. Остана нејасно како можел убиецот да избега во среде бел ден. Останаа необјаснети шпекулациите дека убиството се случува веднаш  по  доаѓање на Зијадин села на власт кој можеби замешал прсти за полицијата да ги затвори очите пред свирепиот настан? Дали во авионот за Базел беше и сега убиениот Истрефи?

Таков беше и настанот во 2015 година кога криминалното подземје од струшкото село Велешта кога се случи вооружен напад во Долна Белица, во кој едно лице беше убиено, а уште двајца се ранети меѓу кои и братот на познатиот бос, Башким.

Неговата група од Велешта важи за семејство кое ја контролира и “работи# целата струшка територија.

Закани за ексградоначалникот на Струга

Ексградоначалникот Зијадин Села во јуни 2013 година во струшката полиција пријавува дека добивал закани од Дилавер Бојку Леку, сопственик на угостителскиот објект “Блу Скај# што се наоѓа на брегот на реката Дрим, бидејќи општината на сите сопственици на дивоградби покрај Дрим им испратила писмо во кое ги известува да ги отстранат.

» Многу вложив. Ова е семеен бизнис, ми помогнаа повеќемина од семејството. Околу 400.000 евра вложив само од продажба на нивите на татко ми во Велешта. Мислам дека досега сум докажал оти се разбирам и добар сум во водењето бизнис, а Села само знае да урива. Ако градоначалникот ги урне објектите, јас лично ќе ја вратам плажата во првобитна состојба. Тоа значи дека ќе донесам кал, ѓубре и градежен шут оти така ја затекнав кога ја добив концесијата. За да ја уредам плажата донесов 100 шлепери песок од Маврово, а изнесов 50 шлепери шут и ѓубре. Тоа ќе му го вратам, изјави Бојку за медиумите во 2014 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...