Идентификуван е возачот на камионот - 60-годишен македонски државјанин.

Објавил: Катерина Крстиќ | 28 август, 2022 12:08

Македонски возач на камион е уапсен во Бугарија за шверц на стотина мигранти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во бугарскиот град Бургас утрово бил приведен возач на камион со стотина илегални мигранти, соопшти портпаролката на Регионалната управа на МВР во градот, Цветелина Рандева.

Идентификуван е возачот на камионот – 60-годишен македонски државјанин.

Товарниот камион и неговиот возач се приведени околу 06:45 часот.

Превезувал само мажи со авганистанско потекло. Утврдено е дека истите биле натоварени во областа Дебелт, а камионот поминувал низ Бургас.

Таму бил спречен од полициски службеници во приморскиот град. Од полицијата дополнително известија дека во камионот на македонскиот државјанин имало 88 мигранти, а не над 100 како што првично беше објавено.

За случајот е поведена предистражна постапка, објави агенцијата БТА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести