Десетици семејства За ФОКУС, изјавиле дека овие празници и овој продолжен викенд, ќе го паметат долго бидејќи буквално им преседнал и им биле уништени возилата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 април, 2019 16:02

Македонски туристи разочарани од Грција: Ни преседна Велигденот, ни ги демолираа автомобилите, едвај се вративме дома

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Продолжениот викенд и празниците доведоа до тоа речиси секое второ македонско семејство, да го посети јужниот сосед.

Во петокот колона од возила чекаа и по половина час на граничниот премин Богородица, сите упатени кон Грција, но за жал неколкумина беа сведоци на ужасна слика. Десетици семејства За ФОКУС, изјавиле дека овие празници и овој продолжен викенд, ќе го паметат долго бидејќи буквално им преседнал и им биле уништени возилата.

Демолиран автомобил на македонски туристи кои за празниците биле во Грција

Како што објави Фокус, целосно бил демолиран автомобилот на едно семејство од Кавадарци кое било сместено на Афитос, на првиот крак. Искршени стакла, ретровизор, избушени гуми, била непријатната слика која ги пречекала кавадарчани утрината кога станале… Веднаш повикале полиција и бил направен записник. Автомобилот бил паркиран на сопствениот паркинг од хотелот, но никој ниту слушнал, ниту пак видел нешто.

Според неофицијални информации на Фокус, се претпоставува дека со метален предмет било извршено дивјачкото демолирање на нивниот автомобил. 

Дел од екипта на ,,Фокус” пак, во тек на вчерашниот ден затекна неколку џипови во близина на бензинска станица пред Гевгелија, со целосно искршени стакла и ретровизори кои се враќале од продолжениот викенд во Грција. Фокус објави дека оштетените сакале да останат анонимни, и не сакале јавно да се зборува за ситуацијата.

-Нема што да се каже, еве се гледа штетата. Нема што да не фотографирате, уште да ни фаќаат сеир и да не исмејуваат ни фали. Не знаеме ни кој, ниту зошто го направил ова. Ни прекисна празникот, ама тоа е веќе завршена приказна – кратко ни изјавија.

Извор: fokus.mk

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.