Гордоста на Македонија извојува победи против: Диамантидис-Грција, Бабаевски-Русија, Антониос-Грција, Трабелси-Тунис, Драшко Јованов-Србија.

Објавил: admin@magazin | 1 март, 2019 22:49

Македонското шампионско знаме се вееше на сред СОЛУН

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

На седмото европско првенство за клубови во Солун 2019 таеквондо клуб Бутел настапи со сениорскиот тим.

Македонија се закити со европско сениорско злато. Нашиот Филип Додевски во категоријата /87 со пет победи освои златен медал.
Додевски во натпреварот во полуфиналето го победи Трабелси од Тунис кој имаше добиено бронзен медал од Светското првенство, а моментално се бори за клуб од Австрија.

Гордоста на Македонија извојува победи против: Диамантидис-Грција, Бабаевски-Русија, Антониос-Грција, Трабелси-Тунис, Драшко Јованов-Србија.

ФИЛИП ДОДЕВСКИ КАТЕГОРИЈА ЕВРОПСКИ ШАМПИОН -87кг ПЕТ ПОБЕДИ ОСВОИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ ЕВРОПСКО СЕНИОРСКО ЗЛАТО !!!ВО ПОЛУФИНАЛЕ ГО ПОБЕДИ БРОНЗЕН МЕДАЛИСТ ОД СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ТРАБЕЛСИ ОД ТУНИС КОЈ СЕ БОРИ ЗА АВСТРИСКИ КЛУБ.

Дејан Георгиевски категорија +87кг со две победи освои сребрен медал. 
Тој победи над: Марчетиќ од Србија и Омар од Франција.
Извонредни настапи остварија и Ана марија Георгиевска, Марко Стевиќ и Иван Крстевски. Костадин Георгиевски загуби во тесна битка за медал.

Теквондо е корејска боречка вештина и национален спорт на Јужна Кореја.  На корејски тоа значи удар или блокада со ногa, квон е удар или блокада со рака и до е пат, начин или метод, значи теквондо во груб превод значи патот на раката и ногата.

Името теквондо може да се најде вo најразлични варијанти како на пр. теквон-до, те квон-до или те квон до, поради историската, филозофска или политичка основа и различноста на организациите.

Тоа е комбинација од борбена техника, самоодбрана, спорт, вежба а во некои случаи и медитација и филозофија. Во 1989 година теквондото стана една од најпопуларните боречки вештини по бројот на луѓе кои го практикуваат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести