Македонско сценарио и во Албанија

Објавил: Узунов Бобан | 18 јуни, 2019 11:52

Македонско сценарио и во Албанија, “германски” бомби пукаат по Еди Рама, се слуша и неговиот глас

Фото/Текст извор: ©магазин

Германскиот весник „Билд“ објави нови прислушувани разговори во кои се слуша гласот на премиерот Еди Рама,поранешниот министер за економија Дамиан Ѓикнури, директорот на Министерството за внатрешни работи Арбен Кеши и други функцонери од социјалистичка партија. 

Решив овој новинар да го однесам во германските судови, во оваа благословена земја каде правдата не си игра со тајни од истрага и каде достоинството на луѓето и државите се почитува како непроценлива вредност.Ајде да видиме кој е во право во оваа пропуштена историја на правдата,- напиша Рама на твитер кој претходно објавувањето на снимките од прислушуваните разговори ги оцени како уцена.

Во сите нив се слуша како се договараат закани, купувања и манипулација со гласовите во пограничниот град Пешкопеја,кој се наоѓа на 23 километри од албанско-македонската граница кај Дебар.

– Прислушуваните разговори се од досијето 184 кое три години останало во фиоките на албанското обвинителството со кои се открива шокантна евиденција – пишува новинарот Питер Тиде.

Иако според законот во Албанија на функцонер од јавната админстрација му е забрането учество во изборна кампања или избор за некоја политичка партија во една, од 16-те новообјавени снимки, премиерот Рама во телефонски разговор со Кеши, на денот на изборите инсистира дали ги реализирал поставените цели, на што тој потврдно одговара.

И во останатите снимки, функцонери на СП, бараат купување и манипулација на гласовте.

Експресно по објавувањето на снмките Обвинителството за тешки кривчни дела најави истрага за тоа кој ги извадил снимките од досијето.

-Обвинителството за тешки кривични дела внимателно ја следи создадената ситуацијата без преседан што сериозно влијаела врз имиџот на албанското обвинителство а е направено со флагрантно кршење на законот,соопшти обвинителството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести