Ципрас со награда за мултиетничност во држава каде "тврди" дека нема етнички заедници

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 јули, 2018 10:30

Македонците во Грција малтретирани и омаловажувани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сенка врз доделувањето на наградата од Центарот за мир и мултиетничка соработка на Босна и Херцеговина на премиерот Ципрас фрли изјавата на едно од мноштвото здруженија и организации на Македонците во Грција.

Имено над 25 години – Грција не само што не признава постоење на било кое етничко малцинство на своја територија туку како држава врши репресија врз обидите на различните ентитети да организираат верски прослави или разно – разни веселби на кои ги чествуваат своите традиции – обичаи – јазик и култура. И никој не им помогнал на мештаните.

За тоа како се постапува со нив од текстот кој го постирале на социјалните мрежи групата “Егејско сонце” кои укажуваат како тоа Грција преку локалната самоуправа им ги забранува настаните и врши малтретирање и омаловажување притоа во исто време промовирајќи се и како лулка на демократијата – земја членка на Европската унија.

“Настани ни се под делумна забрана. Секое лето во селата на нашата општина се организираат неколку настани со учество на музички бендови и народот. Оваа година повторно се дадени инструкции на организаторите кои тоа песни може да се пејат и свират со оркестри а кој се забранети.

Некои локални институционални фактори не сакаат да ја разберат својата институционална позиција и функција која треба да наметнува обединување на заедница и да доведе до синтеза на различни ставови кои постојат особено за вакви сериозни работи без оглед на нивното лично мислење.

Тие ги игнорираат историските факти па несвесно или не – се прокламираат во полициска држава каде забрани се носат во спротивно со волјата на локалното население. Нам не ни се почитуваат културните вредности и народната традиција кои потекнуваа од нашиот народ изразени преку танци – песни и јазик. Со овие акции и активности тие го водат општеството кон поделба и се враќаат во време на тешкото и темното.”

И додека Заев остваруваше средби со здруженијата на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и ветуваше обезбедување простории за работа и помош во правните постапки за враќање на своите документи и имоти во Грција – зборуваше едно а ветуваше друго – за на крај да го понижи Македонското етничко малцинство во Грција со Договорот од Преспа со кој го брише и негира во неговото постоење.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика