Попустите во Солун стартуваaт на 14 јануари и ќе траат до 28 февруари годинава а Македонците викендите ги користат за шопинг во Грција.

Објавил: admin@magazin | 4 јануари, 2019 10:39

Македонците “НАВАЛИЈА” на шопинг во Солун

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Традицијата за шопиг во Солун во јануари и февруари продолжува и годинава. Попустите стартуваат на 14 јануари и ќе траат до 28 февруари годинава, Македонските граѓани викендите и слободните денови практикуваат да ги користат за шопинг во Грција.

Македонците заминуваат секоја година кај нашиот јужен сосед, за да го искористат огромниот попуст на стоката за широка потрошувачка што се движи од 50 до 70 проценти.
Од туристичките агенции што ги организираат шопинг турите потврдуваат дека уште сега имаат резервации.
Најпопуларни места за нашите шопинг туристи се и големите центри како Космос, Икеа, Метро, Лидл… Најмногу се пазарува во продавниците на “Зара”, “Манго”, “и Спринкфилд”

Македонците велат дека на распродажбите речиси никој не може да им одолее, особено за слаткиот одмор со шоља кафе крај морскиот брег. Но, трговците им препорачуваат да практикуваат денарот што го заработиле во нашата земја да го остават дома,а не во странство. Токму затоа дел од домашните трговци за февруари најавуваат тотални распородажби, популарно наречени гаражни попусти.

Во Солун може да се купат брендирани фармерки од 10 до 15 евра, блузи по 5 евра, фустани за 10 евра. Големи се попустите и за домаќински работи кои се нудат по цена од 1 до 5 евра.Граѓаните кои се опседнати со шопинг манија генерално се задоволни од ниските цени и велат дека ги чекаат со нетрпение распродажбите и најчесто трошат повеќе од планираното, пред се заради тоа што зимската гардероба е поскапа од летната.
Македонските трговци се незадоволни што се патува во соседството и се прашуваат зашто и покрај истиот попустот од околу 70%, сепак продавници не се доволно посетени, а купувачите одат во Солун.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.