четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Според објавените податоци, во домашниот транспорт за македонските граѓани, најмногу се користи автомобилот а најмалку се користи железничкиот сообраќај.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 септември, 2019 15:51

Македонците најмногу патуваат со автомобил, а најмалку го користат железничкиот сообраќај

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Податоците на Еуростат кои беа објавени на почетокот на Европската недела на мобилност покажуваат дека кај македонците автомобилите се доминантно превозно средство.

Според објавените податоци, во домашниот транспорт за македонските граѓани, најмногу се користи автомобилот а најмалку се користи железничкиот сообраќај.

Македонците најмалку го користат железничкиот сообраќај…

На транспортот со автомобил отпаѓаат 77,2 процента од поминатите патнички километри, по што следи патувањето со автобус со 22,2 процента, а со воз 0,6 проценти, покажуваат податоците на Еуростат, објавени на почетокот на Европската недела на мобилност.

И за жителите на Европската унија најчест избор во внатрешниот сообраќај се автомобилите, но таму е речиси изедначен превозот со автобус и со воз. Со автомобил се движеле 83,3 проценти од патниците, 8,8 отсто со автобус и мотор, а 7,9 проценти со воз.

Меѓу земјите членки, најголем број поминати патнички километри со автомобил има во Литванија, 91,1 процент, по која следат Португалија и Словенија со 88,5 односно 86,5 проценти.

Кај патувањето со воз со 11,9 проценти лидер е Австрија, зад која се Холандија со 11,4 проценти и Франција со 10,8 проценти. Унгарија, пак, е државата со најголема застапеност при патување со автобуси и тролејбуси, на кој вид превоз отпаѓа 21,1 процент, по што следат Кипар со 19 проценти и Малта со 17,5 проценти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.