Денеска во градинката „Пролет“ во Општина Карпош, беше пуштена во употреба термална печка со кој беше заменет стариот систем кој користеше нафта како извор на топлина.

Објавил: Весна Петровска | 13 јануари, 2020 17:44

Макрадули: „Али Експрес“ сензорите предизвикуваат паника – Скопје не е толку загадено!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

-Не е точно дека Скопје редовно се наоѓа меѓу петте најзагадени градови во светот, вели заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, кој тврди и дека не се точни податоците од мерењата на воздухот, кои често пати се појавуваат на социјалните мрежи. Податоците од, како што вели Макрадули, „Али експрес“ сензорите, непотребно прават паника меѓу луѓето.

Заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули уверува дека загадувањето на воздухот е значително намалено и дека не треба да им се верува на, како што ги нарече „Али Експрес“ сензорите бидејќи тие само предизвикуваат паника помеѓу граѓаните

Според него мерењата од државниот мониторинг центар покажуваат значително почист воздух во последните 3 месеци. Макрадули вели дека не се точни податоците кои се се пласираат на социјалните мрежи и дека Скопје не се наоѓа на топ 5 листата најзагадени градови.

Макрадули ја најави новата програма „Јас не загадувам“ која што ќе се спроведе во државните институции и дека ќе се исфрли горивото кое допринесува во аерозагадувањето. Како еден од главните загадувачи се смета индустријата, а утре ќе се одржи расправа во собрание каде што ќе се разговара за измената на законот за увоз на отпад кој се користи како енергенс. Политичката партија ДОМ и невладините организации бараа да се забрани увозот на алтернативните горива бидејќи државата нема капацитет да го контролира процесот.

Денеска во градинката „Пролет“ во Општина Карпош, беше пуштена во употреба термална печка со кој беше заменет стариот систем кој користеше нафта како извор на топлина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести