Посета на Макрон на Србија

Објавил: Узунов Бобан | 16 јули, 2019 10:35

Макрон ги разочара очекувањата на Западен Балкан: Прво реформа на ЕУ, после влез на Србија во ЕУ

Фото/Текст извор: ©магазин

Европската унија треба да се реформира за Србија . Ова го изјави претседателот на Франција на првиот ден од неговата дводневна посета на балканската држава, објавија агенцијата Анадолија и Радио Слободна Европа.

Емануел Макрон е првиот претседател на Франција кој ја посети Србија во последните 18 години. Жак Ширак ја посети оваа балканска земја во 2001 година.

Паралелно со реформите што Србија мора да ги спроведе на својот пат кон ЕУ, блокот треба да се реформира за да биде подготвен за Србија, рече Макрон на прес-конференција со својот српски колега, Александар Вучиќ, за време на официјалната посета на Белград.

Макрон верува дека ЕУ не работи добро сега и треба да донесе брзи одлуки и да преземе реформи за да може да работи подобро.

Во врска со прашањето за Косово, францускиот државник рече дека ќе одржи специјален состанок во Париз меѓу лидерите на Косово и Србија , кој исто така ќе се вклучи и германската канцеларка Ангела Меркел. Макрон истакна дека Франција е посветена на изнаоѓање на “глобален и траен договор” за спорот меѓу Белград и Приштина.

  “Ако Европа сака да биде силна, може да биде ако Европа и помага на Србија и Косово да постигнат компромис , мислам дека имаме одговорност да ве поддржиме во договарањето”, рече Емануел Макрон.
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести