Самиот премиер, минатиот месец потврди дека оддамна чека да се сретне со Макрон, но тој ги одбивал неговите барања.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 ноември, 2019 20:06

Макрон одбил да се сретне со Заев поради корпуциските афери

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Францускиот претседател цели 5 месеци одбива да се сретне со премиерот Зоран Заев а веднаш прифатил да се сретне со претседателот Стево Пендаровски уште наредниот вторник. „Лидер“ анализира: Зошто Макрон одбива да се сретне со „токсичниот“ Заев?

Самиот премиер, минатиот месец потврди дека оддамна чека да се сретне со Макрон, но тој ги одбивал неговите барања.

-4 месеци преку францускиот амбасадор Тимоние и македонскиот амбасадор во Франција и преку други дипломатски канали барам средба со францускиот председател Макрон но засега не сум добил одговор. Сакам да остварам средба со Макрон тој е наш голем пријател. – изјави премиерот Зоран Заев на 19ти минатиот месец.

Претседателот Пендаровски во изјава за медиумите рече дека се прават напори да се добие средба на што е можно повисоко ниво во Француската Република. Истакна дека дипломатијата продолжува со евроинтеграциите и дека фокусот е Франција.

Според хрватскиот новинар Иван Бродиќ, кој одблиску ги следи случувањата во Европската Унија, логична е причината поради која Макрон го преферира Пендаровски наместо Заев – претседателот, за разлика од премиерот жестоко реагираше на случајот „Рекет“.

-Сетете се, Пендаровски многу остро реагираше на можноста за корупција во врвот на власта во случајот „Рекет“. Бараше сите одговорни да бидат казнети. Можеби во тој дел се крие одговорот на вашето прашање. – вели новинарот и аналитичар Иван Бродиќ во изјава за „Лидер“.

Аналитичарот додава дека кога Словенија ја блокираше Хрватска за влез во НАТО, тогаш американската дипломатија и се закани на Словенија со одбивање на репрограм на кредитите и така блокадата падна. Според Бродиќ, оваа анегдота покажува дека НАТО е геостратешки сојуз. За разлика од НАТО, Европската Унија е вредносна творба.

-Целосно е незамисливо во ЕУ да влезат земји во кои самиот врв на власта е многу блиску до најголемите корупциски афери и во кои политичките противници се осудуваат на повисоки затворски казни од повратниците од таканаречената „Исламска држава“. – анализира Бродиќ.

Според него, многу е трагично тоа што во нашата земја се случува во последните три години.

-Последната гарнитура (н.з. се мисли на СДСМ и Зоран Заев), ги девалвираше европските стандарди во земјата која, за потсетување, прва на Балканот беше спремна за влез во евро-атланскате интеграции. – вели Бродиќ.

Со сличен став како и Хрватот е и долгогодишниот политички чинител Никола Србов, кој потсетува дека францускиот амбасадор Тимоние во многу наврати, на многу директен начин, алармираше за тоа што се случува во Македонија.

-Одбивањето на францускиот претседател Макрон да се сретне со Зоран Заев е резултат на криминално коруптивните афери кои во јавноста излегоа токму во тој временски период а за што постојат индиции дека во нив е директно вмешан државниот врв. Ние мора да сфатиме дека претседател на една од водечките држави во светот, во случајот францускиот претседател, е прилично добро информиран за случувањата, посебно за вакви големи афери. Од друга страна претседателот Пендаровски беше настрана од тие збиднувања до степен да одржи прилично жестока прес конференција на темата веднаш по излегувањето на аферата. – вели Никола Србов во изјава за „Лидер“.

Како дополнителна причина зошто Макрон одби да се сретне со Заев, Србов го посочува фактот дека македонската влада не презема апсолутно ништо во контекст на тие укажувања за дефицит на европски вредности кои доаѓаа од страна на францускиот амбасадор.

-Не би требало да не зачудува ваквиот развој на настаните туку напротив, тој излезе како логичен след колку нам и да не ни се допаѓа тоа. Виновникот не можеме да го бараме надвор од нашите граници на што инсистира власта, бидејќи ни беше укажано, проблемот е во тоа што не се спроведе ништо од она кое и беше укажано на власта. – додава Србов.

Целата аннализа на Лидер, прочитајте ја ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести