Тој исто така рече дека Европската унија треба да се разбуди бидејќи станува континент што не верува во својата иднина.

Објавил: Перо Милчин | 15 февруари, 2020 12:41

МАКРОН ПОРАЧА: Ќе го поддржам почетокот за преговори со ЕУ за Македонија и Албанија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека ако резултатите од март извештајот на Европската комисија за Република Македонија и Албанија се позитивни, тие ќе го поддржат започнувањето на преговорите за нивно пристапување во ЕУ.

„Го чекаме извештајот во март, во зависност од тоа дали резултатите се позитивни и се воспоставува доверба, тогаш ќе бидеме во позиција да ги започнеме преговорите“, рече Макрон на конференцијата за безбедност во Минхен, пренесува Ројтерс

Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна го повтори ставот дека нема да има проширување на ЕУ со Македонија и Албанија.

Тој исто така рече дека Европската унија треба да се разбуди, бидејќи станува континент што не верува во својата иднина.

„Ние не инвестираме доволно во нашата иднина и политички тоа е единствениот начин да се помириме со нашата средна класа”, рече Макрон на конференцијата за безбедност во Минхен, пренесе Ројтерс.

Тој рече дека би сакал да ја види Европа што може да го заштити суверенитетот, Европа која е посуштинска и Европа која е воодушевена од својата иднина.

Тој рече дека ЕУ треба да го усогласи својот буџет со амбиции за да не заостануваат САД и Кина, особено во однос на идните технологии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.