Интересно е тоа што оваа апликација ги синтетизира сите податоци пријавени во реално време од дирекцијата за јавната трансформација, а шефот на државата има пристап до активностите на целиот владин тим на Едуар Филип.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 септември, 2019 15:39

Макрон со помош на апликација ги контролира своите министри и нивната активност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Францускиот претседател Емануел Макрон користи апликација со која има пристап до апликација што ги покажува успесите и неуспесите на неговите министри и тоа во реално време.

Интересно е тоа што оваа апликација ги синтетизира сите податоци пријавени во реално време од дирекцијата за јавната трансформација, а шефот на државата има пристап до активностите на целиот владин тим на Едуар Филип.

Емануел Макрон е роден на 21 декември 1977.Тој е француски политичар, јавен службеник и поранешен инвестициски банкар, избран за претседател на Француската Република на 7 мај 2017 година.

Како што објавија француските медиуми, Макрон имал специјална алатка, која не е достапна за јавноста, за да го процени напредокот на петгодишниот реформски проект, и ова се однесува на сите министерски ресори.

Ваквата апликација била изработена по барање на Макрон од тројца високи функционери многу блиски до извршната двојка, вклучувајќи го и нивниот најблизок соработник: Алексис Кохлер, генерален секретар на Елисејската палата и Бенедикт Рибадеу-Думас, генерален секретар на Матињон. Томас Казенав, меѓуминистерски делегат за јавна трансформација, исто така, наводно учествувал во проектот.

Оваа апликација му овозможува на Макрон да изврши притисок врз неговите министри по една година обележана со социјални немири од жолтите елеци и на почеток на опасна година за извршната власт.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести