На изборите во неделата, центристичката алијанса на претседателот не освои апсолутно мнозинство, туку само просто мнозинство, ситуација која во Франција не е видена повеќе од 30 години. Се очекува ова да го отежне донесувањето на политичката агенда на Макрон за време на неговиот втор претседателски мандат.

Објавил: Мате Парлоф | 22 јуни, 2022 8:14

Макрон ја одби оставката на премиерката Борне откако изгуби апсолутно мнозинство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Францускиот претседател Емануел Макрон ја одби понудата на премиерката Елизабет Борн да поднесе оставка откако неговиот политички сојуз претрпе големи загуби на парламентарните избори минатиот викенд.

Овој чекор иако е вообичаена формалност по парламентарните избори, годинава доби дополнително значење. Макрон сака Борн да остане на власт и владата да продолжи да работи, соопшти Елисејската палата.

На изборите во неделата, центристичката алијанса на претседателот не освои апсолутно мнозинство, туку само просто мнозинство, ситуација која во Франција не е видена повеќе од 30 години. Се очекува ова да го отежне донесувањето на политичката агенда на Макрон за време на неговиот втор претседателски мандат.

Утрово Макрон започна индивидуални разговори со партиските лидери претставени во парламентот за да ги истражи можностите за конструктивна соработка или коалиција. Овие разговори треба да завршат до среда, соопшти Елисејската палата, пренесе Индекс.хр.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.