Инаку преработката ја направија Асови и композиторот Александар Митевски, а е преработка на хитот од  фестивалот за забавни мелодии „Макфест” во 1988-ма година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 јуни, 2019 11:35

,,Макфест” удри по навивачите на Вардар: Божемната химна е проста вулгаризација и уништување на овој хит

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото МКД.МК

По повод второто злато на ракометниот клуб Вардар, кое го освоија ракометарите во Келн, беше преработен безвременскиот хит на сестрите Маријана и Росана, песната „Признавам“ , и направена нова верзија, навивачка песна  „Вардаре не те оставаме”.

Песната е напишана од Тоде Новачевски а сестрите ја изведоа на Макфест 1988 година

Инаку преработката ја направија Асови и композиторот Александар Митевски, а е преработка на хитот од  фестивалот за забавни мелодии „Макфест” во 1988-ма година.

Песната може да се каже за многу кратко време ја освои публиката, и навивачите ја прифатија веднаш, па можеше и да се слушне и на радио станиците, но сепак, не им се допаднала многу на одговорните од фестивалот „Макфест”.

На официјалната  Фесјбук страницата на фестивалот беше објавена реакција, во која се тврди дека со обработката се направила вулгаризација и уништување на безвременскиот хит.

-Не e прв пат хитови од Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, со или без согласност да се користат во маркетиншки цели. Последново такво нешто е божемната химна на „Вардар“. Всушност тоа е песната со наслов „Признавам“ на авторот Тоде Новачевски, а 1988-ма година на сцената на Макфест ја отпеаја сестрите Маријана и Росана. Овој евергрин имаше повеќе преработки во зависност од мотивацијата на тие што сакале да го имаат овој безвременски хит, на своите аудио и видео записи. Сетоа тоа било во рамки на пристојноста. Но, ова е божемната химна на Вардар, е проста вулгаризација и уништување на овој безвременски, макфестовски хит. Песната од лирична-љубовна, е зорле направена да биде божем химнична. Се отишло премногу во невкус, безгранично во уништување на песната, наведено е во реакцијата, пренесува  РАДИО ШТИП.

Инаку Владимир Дојчиновски, уметничкиот директор на „Макфест“ беше контактиран од новинар на ФОКУС и изјави дека за секое преработување на одредена песна, треба да се побара дозвола.

-Мој став е дека за секоја преработка треба да се побара дозвола од авторот, затоа што тоа е дело на интелектуална сопственост. Дали е сквернавење или не, тој одлучува на крајот, иако мислам дека тој што ја преработил имал искрена идеја. Сепак, требало да побара дозвола од авторот за да се стави како химна или како музика за реклама или било која цел, ако се употребува делото, посебно ако се менува текстот, изјави Дојчиновски за ФОКУС.

Но за Фокус Росана Сариќ Тодоровска изјавила дека се е регурално и кој како сака и како љуби, така нека си ја пее песната.

-Уште вчера ја видов реакцијата на „Макфест”. Можам да кажам дека се е регуларно. Навивачите страствени на Вардар дојдоа и ме прашаа за дозвола, а знам дека го прашале и композиторот Тоде Новачевски, и од него добиле дозвола. „Признавам” е евергрин за сите времиња и за сите генерации, па се прашувам што има лошо ако сакале да ја направат химна на нашите најдобри ракометари. Таа и како химна на Вардар ќе биде препознатлива и одлична, и пак за сите генерации. Нас ни е чест што песната “Признавам” ја препеале нашите навивачи. И композиторот Александар Митевски направи се што можеше во позитивен контекст и апсолутно помогна, знаејќи дека е добиена дозвола од мене, од Маријана и Тоде, изјави Росана, пренесе ФОКУС.

ИЗВОР: ФОКУС

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести