Илина по потекло е од Скопје, но со семејството живее во Германија

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 март, 2019 22:23

Малата Илина ниже успеси во Германија- таа е гордост за Македонија

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

12- годишната Илина Соколовска е гордо македонското девојче кое во Германија го освои третото место во натпревар по ритмичка гимнастика. Илина по потекло е од Скопје, но со семејството живее во Германија.

Илина со својот талент успеа да се пласира во полуфиналето на првенството во Германија а се натпреваруваше во ритмичка гимнастика со уште 17 спортистки, од кои првите четири се пласираат во полуфинале.

Малата Илина е гордост за Македонија, таа настапи со три брзи кореографии- јаже, топка и чуневи, каде ги освоила најголемите поени од судиите.

Иако има 12 години, ова македонско девојче се натпреварува во група со спортистки од повисоките категории, кои имаат по 14 или 15 години. Германските медиуми пишуваат за успехот кој го оствари нашата Илина.

-Се натпреваруваше со многу голема конкуренција.  Освои трето место, со многу мала разлика од првата и втората.  Победничката имаше 21 поен, втората 20, 75 а Илина 20,65 поени.  Но, со овие поени и со третото место успеа да се квалифицира во полуфинале на Германија, кое ќе се одржи на 14 и 15 април во Дрезден, во најубавата Арена во Германија, пишуваат германските медиуми.

Натпреварот го оценуваа 32 судии а Илина настапила со три брзи кореографии- јаже, топка и чуневи, каде ги освоила најголемите поени од судиите.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.