Пејачката почувствува потреба да и се заблагодари на снаата за прекрасниот подарок, односно за нејзиниот внук, и на социјалните мрежи сподели нејзина фотографија под која напиша емотивна порака.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 јуни, 2020 17:57

МАЛИОТ НАСЛЕДНИК ПРИСТИГНА ДОМА- ЦЕЦА СО ЕМОТИВНИ ЗБОРОВИ ЈА ПРЕЧЕКА СНААТА!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs / M.M.

Денес, наследникот, Жељко Ражнатовиќ, ја напушти породилната болница со својата мајка Богдана Ражнатовиќ и пристигна во вилата во Дедиње, а бабата Цеца Ражнатовиќ испрати емотивна порака до нејзината снаа и покажа колку ја сака.

Многумина забележаа дека наместо сина или зелена боја, на носилката доминира црвено, за кое се верува дека се користи против магии и за радост.

Пејачката почувствува потреба да и се заблагодари на снаата за прекрасниот подарок, односно за нејзиниот внук, и на социјалните мрежи сподели нејзина фотографија под која напиша емотивна порака.

“Моја убавино, благодарам за најубавиот подарок што го добив од тебе, внукот Жељко. Весела, храбра моја девојка, многу те сакам”, напиша Цеца покрај фотографијата на Богдана.

Таа утринава прва ја извести јавноста дека внукот Жељко и снаата пристигнаа во домот.

Пејачката за цело време додека излегуваа од болницата не ја тргна насмевката од лицето, а таткото Вељко не дозволи никому да ја носи колевката. Имено она што многумина го приметија беше дека на колевката на малиот Жељко има знак тигар, кој беше симбол користен од Волонтерската гарда на неговиот покоен татко Жељко Ражнатовиќ Аркан, по кого и го доби името неговиот син.

За потсетување, Богдана се породи со царски рез а породувањето го изврпи д-р Миленко Пророшиќ, кој ја породи и нејзината свекрва, пејачката Цеца Ражнатовиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.