Неготинчанка со тешки повреди префрлена на комплексот клини "Мајка Тереза" во Скопје

Објавил: Мартин Попоски | 15 август, 2018 13:25

Малолетничка тешко повредена по удар од автомобил

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Единаесет годишно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 09:30 часот во двор на здравствена установа на улица “Ико Заров” во Неготино.

Од полицијата информираат дела В.Н. [ 48 ] од Неготино управувајќи патничко возило “Киа Спортаж” со скопски регистарски ознаки удрила во девојчето.

Од ударот девојчето се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната помош во Општата болница Кавадарци билa препратена во Ургентен Центар при комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.