На Парадата се присутни голем број поддржувачи од земјава и странство и јавни личности. Парадата се одржува под засилено полициско обезбедување, а интерес за настанот има не само од домашните, туку и од странски медиуми.

Објавил: Весна Петровска | 29 јуни, 2019 12:38

Малолетни деца на првата парада во Скопје

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Првата парада започна во главниот град, активистите од „Жена борец“почна Парадата на гордоста за поддршка на припадниците на ЛГБТИ заедницата и за еднакви права на сите луѓе.

На Парадата се присутни голем број поддржувачи од земјава и странство и јавни личности. Парадата се одржува под засилено полициско обезбедување, а интерес за настанот има не само од домашните, туку и од странски медиуми.

– Не смееме да потценуваме колку е значаен овој чекор што денеска се прави. Далеку сме од целосно почитување на ЛГБТИ луѓето, ама ова е многу значаен чекор во вистринска насока. Денес, Република Северна Македонија е дел од семејството држави кои имаат одржано Парада на гордоста на својата територија, изјави за МИА, поранешниот пратеник Павле Богоевски.

Маршот на поддржувачите на ЛГБТИ заедницата треба да заврши во Градскиот парк.

Паралелно, со Парадата на гордоста, во Скопје се одржува и граѓанско-верски собир „Сведоштво за семејството“ кој е насочен кон заштита на брачните, семејните и верските вредности.

На социјалните мрежи има видеа  на кои можат да се видат и малолетни деца на парадата, коментарите беа со потсмев од корисниците на социјалните мрежи но некои коментираа дека подобра забава прават и од СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.